
Охридските власти се фалат дека финансиската добивка во споредба со ланската е поголема за 35 проценти. Демек, буџтот го полнела туристичката такса и тоа било задоволително за сите. Прво, прашање е далие е тоа точно, бидејќи Охрид е во конкуранција со поевитните дестинации во Грција, со олинклузив понуди во Турција, со растечката конкуренција од Албанија (која оваа година ја победи црногорската и хрватската конкуренција), со многу поубавиот, додуша и поскап, Јадран и на крај со евтините светски дестинации што ги нудат домашните агенции, но и интерентот со можноста за резервирање директно и со хотелите и со приватните угостители.
Но, проблемот е во прашањето - колку Охрид има изгубено од привлечноста, колку од својата уникатност, од својата посебност, а колку е доведен до сличноста со банлната комерцијална понуда на туристички места во кои нема никаква автентичност. Охрид од сите свои карактеристики всушност се симна токму на таа банална и здодевна понуда, профана и неинтересна, за сметка на тоа што никогаш вистински го нема понудено на гостите, поради незнаењето и аматеризмот во туризмот.
Градот никогаш немал доволен број квалитетни туристички водичи, нути пак строга контрола врз дивите водичи. Голем број од нив доаѓаат со групата од страна и за историјата на градот и за културните споменици траскаат од тоа што го прочитале набрзина од сомнителни квазиисториски брошури или од тоа што го имаат чуено за градот, најчесто во полза на тоа што туристите сакаат да го чујат за сопствените историски интереси.
Охрид никогаш немал карактеристичен сопствен сувенир, со кој теба да бидат препреплавени уличните продавници и тезги, како што се шпанските кастањети, париската ајфелова кула, линдонскиот биг бен итн.
Секоја година Охрид се повеќе прпаѓа во својата провинцијалност, па дури и познатото охридско гостопримство се сведе на трка и на тепачка за гостин повеќе, со боречки зафати и со навреди.
Сликата за Охрид се изнеми и во центарот на градот. Немањето улични сликари, свирачи и пејачи на охридските прекрасни староградски песни, наместо тоа ќе видите змии- питони во рацете на некакви девојки со азијатски фаци што немаат никаква врска со фацата на „македонското девојче, китка шарена“, од некаде дојдени да ја продаваат „охридската“ култура, наместо македонскиот вез, шамијата, марамата, токите, чорапите, скутниците, унечки, итн. Цел центар смрди на „лесковачка скара“, наместо на македонско тазе печно лепче со некој наш типичен зачин што нема да ја сосмрди чаршијата. Туристите сакаат и бараат изворност, а не нешто што го има несекаде!
Старата чаршија одамна го има изгубено својот шарм и привлечност, целосно комерцијализирана. Каде е почитта на законите и барањата што ги поставува УНЕСКО. Никој не ги почитува, туку ги изигрува, лажејќи ја светската организциаја дека се’ ќе се среди, а сите знаат дека ништо нема да се среди и покрај толерантниот рок што ни го даде УНЕСКО од неколку месеци. Градот пак ќе се соочи со бришење од списокот на заштитени природни и културни наследства, со што Охрид ќе го изгуби својот маѓународен рејтинг, што значи дека ќе ја изгуби и препораката задолжително да се посети. Тогаш ќе продолжи немилосрдното фрлање цели гарнитури стар мабел во езерото, ловење риба на диво, згуснување на скинатите рибарски мрежи што остануваат во водата, неконтролираното исфрлање отпадни води и така ќе продолжи умирањето на најубавото езеро во светот, стато 4 милиони години.
Така сите тие знаменитости што се аноѓаат во горниот дел на гардот, Светиклимнтовата црква, Галеријата на иконите што вредат милијарди долари, речиси никој не ги ни знае ниту ги посетува, никому не му е гајле за зборот „идентитет“ со кој им е полна устата на сите што се тепаат да докажет дека се најголеми негови бранители – патриоти.
И на крај - патот! Која е таа држава што до најголемиот туристички ценатр си дозволува да нема лесен, комотен, брз и безбеден пристап цели 34 години, откако стана самостојна држава.
Ако го погледнеме списокот на сите езерски туристички центри во нашава земја, ќе забележиме дека многу имиња од тој споисок веќе не се спомнуваат, како имињата на преспанскиот брег, Асамати, Отешево, Крани, а и Дојран не е никаква понуда од повисока класа.
За цените здодевно да зборуваме, зашто сите знаат дека не можат да седнат во охридските кафулиња, тоа што ќе го нарачаат се пие за два минути, а се наплаќа како во Сан Тропе.
Тоа што градските власти се фалат дека финансиската добивка се зголемува, не значи дека се во ќар, никој не ги ставил на вага овие споредби за да видиме колку, всушност, сме изгубиле.
Споеред една од легендите, Охрид името го има добиено по воздишката на Цар Самуил, по неговиот пораз од византискиот цар Василиј (1014 година) по што во својата тага и изнемоштеност воздивнал : „ох риде“, кога се качувал по ридот! Ако сега го гледа својот град од небеските височини сигурно си вели: „оф, оф Охриде…!“