Веќе втора година по ред, издавачката куќа „Чудна шума“ организира креативни работилници за млади – средношколци на возраст од 14 до 18 години.

Работилниците опфаќаат две области – креативно пишување и ликовна уметност, а темата на која ќе се твори е една од поважните теми што ги засегаат младите: „Ја менуваме околината, го менуваме светот“.

Предавачи на двете работилници се писателката и сценаристка Билјана С. Црвенковска и ликовниот уметник Доротеј Нешовски.

На работилницата по ликовна уметност ќе се разговара и ќе се работи за ликовната уметност во различни техники, ќе се предава за инсталации во простор и за креирање на стрип.

На работилницата по креативно пишување ќе се работат техники на пишување на текстови во повеќе жанрови: проза, поезија, драма, сценарио…

Поради пандемијата со Ковид-19, работилниците целосно се одвиваат онлајн, преку апликацијата Зум.


Еве ги деталите:

1. Ликовни работилници:

– Ликовна уметност, инсталација во простор, стрип

– Времетраење на една работилница: 40 минути

– Предавач: Доротеј Нешовски, ликовен уметник

2. Креативно пишување:

– Проза, поезија, драмски текст, сценарио, стрип-сценарио

– Времетраење на една работилница: 2 х 40 минути со кратка пауза

– Предавач: Билјана Црвенковска, писателка и сценарист

Возраст на учесниците: од 14 до 18 години

Термини: секоја среда, од 21 октомври до 18 ноември, од 18:30 часот

Одржувањето на работилниците е преку Зум апликација. Работилниците се бесплатни, а бројот на учесници е ограничен.

Повеќе информации на фејсбук-профилот на ивентот.