Слушајќи ги секојдневните апели за спасот на нашата планета, бидејќи некои извори на енергија не се вечни, а некои носат штетни последици по неа, Јапонците се повторно иновативни. По кој знае кој пат...

Имено, во екот на Олимписките игри - Токио 2020, кога секоја земја-учесничка гледа да забележи се повеќе медали на своето конто, кои за секој спортист преставуваат престиж од највисок ранг, од Европската куќа во Скопје  излегоа со една интересна информација. Дали знаете од што се направени олимписките медали во 2020 година? E-Отпад!


Jапонските организатори искористиле милиони отфрлени мобилни телефони и стара електроника при креирањето на медалите, што изнесува 47.000 тони технологија.

Јапонските граѓани донирале телефони за да се приклучат во акцијата на рециклирање на електорнскиот отпад.


Олимпискиот медал е ценет како злато, а направен е од отпад! За тоа колку некои држави издвојуваат награди и бенефиции за своите освојувачи, веќе пишувавме.

Некој би кажал – не е злато се што сјае!

Но, не се работи тука за пазарната вредност на медалот, туку за тоа колку тој му значи на секој спортист, и колку истиот е награда за вложениот труд. Или, за најголемиот број – сонот кој никогаш нема да стане јаве...