
Музејот на современа уметност - Скопје го најавува првиот од серијата експертски разговори во рамките на Европското номадско биенале за современа уметност – Манифеста14, проект во Западниот Балкан.
Настанот ќе се случи со физичко присуство на 10 ноември во 19 часот, во Музејот на современата уметост - Скопје. Иако, седиштето на ова издание на Манифеста е лоцирано во Приштина, биненалето ќе се реализира и во други градови од Западен Балкан.
Музејот на современата уметност – Скопје, годинава е една од партнерските институции на 14-то Европското номадско биенале, Манифеста.
Како дел од програмата на Манифеста, во текот на 2021 година, Музејот на современа уметност - Скопје ќе биде организатор на програмска целина составена од дискурзивна и изложбена програма. Дискурзивната програма ќе се фокусира на функцијата на музеите на современа уметност во ерата на „Новата реалност“, која е обликувана од поврзани настани во текот на 2020 и 2021 година, како што се пандемијата, заклучувањата, затворените граници, одговорите на националистичката влада, непријателските еколошки политики, протести и сл. 
Говорници на настанот ќе бидат: Сантиаго Забала, Шираз Гринбаум, Орен Зив, Јонас Стаaл и Филипо Минели.
Сантијаго Забала е професор по филозофија на Универзитетот Pompeu Fabra во Барселона и автор на многу книги, вклучувајќи ‘Зошто само уметноста може да нè спаси: Eстетиката и отсуството на вонредност’ (Columbia University Press, 2017). Истоа така има објавувано за Гардијан, Њујорк Тајмс и Ал Џезеира. Неговата последна книга е ‘Да се биде на слобода: Слободата во ерата на алтернативните факти’ (McGill-Queen’s University Press, 2020).
Филипо Минели e уметник со истражувачки интереси фокусирани на пејзажот и јавната сфера. Преку неговата работа и уметнички проекти тој ја оспорува улогата на идентитетот и воспоставените наративи кои опстојуваат и во физичкиот и дигиталниот простор.
Јонас Стаал е визуелен уметник чија работа се фокусира на релациите помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата. Стал е основач на уметничка и политичка организација Новиот светски самит (2012–). Истоа така Заедно со Флоријан Малзахер тој го води тренинг кампот наречен Обука за иднината (2018-). 
Шираз Гринбаум е фотографка и уредничка, која работи со колективот ‘Activestills’ од 2012 година. Таа е исто така основач на ‘Да Осветлиме Дом’, независен форум кој помага на групите за поддршка на деца на воените ветерани со PTSD синдром во Израел; како и уредничка на онлајн списанието Leafing.co.il кое содржи книги за локални уметници.
Орен Зив е репортер и фотограф на магазинот Local Call и +972. Исто така е ко-основач на колективот ‘Activestills’. Започнувајќи oд 2005 година тој ги документира социјалните и политичките прашања во Израел и на палестинските територии.
Куратор и модератор е Тихомир Топузовски. Вовед во настанот ќе даде претставник на Манифеста14: Емилиа ван Линден, одговорно лице за комуникација, маркетинг и издаваштво.
Секој од говорниците ќе ја презентира својата работа во 15 минутно излагање, а потоа ќе следува сесија на прашања и одговори. 
Непоходно е да се осредоточиме на методите на образување, уметничките и кураторските практики во ерата на