Локалните власти во Центар, Кисела Вода и Карпош финансираат милиони денари за возачки дозволи, потег кои наидува на критики од граѓанските здруженија и иницијативи според кои на ваквите мерки гледаат дополнително зајакнување на доминацијата на мотризираниот транспорт во градот кој брои жртви на небезбедните улици и се гуши во смог.

Општина Центар издвојува над 5 милиони денари (81.000 евра) за субвенционирање на возачки дозволи, Општина Кисела Вода дава 4 милиони денари (65.000 евра), а активна мерка има и Општина Карпош која издвојува 7 милиони денари (113.000 евра) за субвенции на млади да полагаат возачки испит.

Субвенционирањето на возачки дозволи е мерка за зголемување на безбедноста во сообраќајот, обезбедува соодветна едукација и сообраќајна култура и го намалува ризикот од возење без дозвола,

Скопје се соочува со алармантни проблеми со безбедноста во сообраќајот. Само на булеварот „Партизански одреди“ во изминатите години загинаа неколку млади луѓе.

Периодов од почетокот на годината млдаите протестираа откако 22-годиншата Фросина Кулакова на почетокот на јануари го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин.

За загадувањето, земјата се најде на второ место на земји со најзагаден воздух во Европа, според извештајот на компанијата за следење на квалитетот на воздухот Ај Кју Ер (IQAir) кој го објави мината недела. 

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и советничката група во Општина Центар ја осудија одлуката на градоначалникот Герасимовски.

Тие нагласуваат дека младите бараат безбедни улици, додека локалната власт вложува средства во стимулирање на нови возачи. 

Тие дополнително предлагаат средствата да се пренаменат за реконструкција на училишта, ослободување на „заробени“ дрвја, сообраќајна опрема, пристапни рампи за лица со попречености и изградба на слиени тротоари на велосипедски патеки.

Јавните повици на општините за доделување на субвенциите за полагање на возачки испит од Б-категорија, се за млади жители на општините, кои можат да добијат 10.000 денари. Условот е во текот на годината да наполнат 18 години, односно да се родени во 2007 година, а најмалку една година да живеат во општината.

Средствата можат да се користат исклучиво за обука во автошколи регистрирани во рамките на општините. 

Општина Карпош ја оправдува мерката како дел од политиките за млади, нагласувајќи дека, покрај поддршката за ученици до 15 години, субвенционирањето на возачки дозволи е наменето за средношколци кои полнат 18 години.

Според општината, ова ја зголемува безбедноста, спречува „диво“ возење и ги подготвува младите за пазарот на труд, каде што често се бара возачка дозвола.

Дополнително, сметаат дека оваа мерка ја зголемува мобилноста и одговорноста на младите, а во иднина планираат нејзино проширување со покривање на дополнителни трошоци.