Отворените канцеларии ја убиваат продуктивноста. Ова е заклучок од огромната студија на Фузе спроведена на 40.000 работници во 300 компании. Резултатите од ова истражување покажуваат дека канцелариите со отворен простор не се ефикасни.

 FUZE- е cloud-based, контакт центар во реално време и унифицирана комуникациска платформа, изградена за претпријатијата.

Канцелариите од отворен тип т.н „open space“, се динамични и без приватност, но корисни бидејќи вработените создаваат подобри односи и работат во тим.

Отворените канцеларии ја убиваат продуктивноста.

Оргиналната идеја на отворената канцеларија е замислена уште во 1950 година во Хамбург од  авангарден тим составен од вработени во неколку компании кој ја анализирал оваа проблематика, мислејќи дека со тоa ќе се олесни комуникацијата помеѓу вработените.

Денес околу 70 отсто од сите работни простории функционираат на овој начин. Но, резултатите од поновите истражувања, на кои им оди во прилог и работењето од далечина, покажуваат поинакви сегменти.

Идните канцеларии не се врзани за простор


Еве како компаниите гледаат на канцелариите на иднината:

-Работата на оддалеченост ќе биде новата норма: -Според новото истражување спроведено од Фузе, 83 проценти од работниците не мислат дека мораат да бидат во канцеларија за да бидат продуктивни. Додека 38 проценти сметаат дека повеќе ќе уживаат во својата работа доколку им биде дозволено да работат на далечина.

-Физичкиот простор ќе се намали: -Повеќе компании планираат да се префрлат на повеќе колаборативен модел на канцелариски простор. Затоа што работните простори што ги здружуваат тимовите, поттикнуваат разговор и генерираат најдобри идеи.

-Традиционалните работни маси ќе исчезнат – таканаречената „cubicle farm“(фарма на кабини) ќе стане далечна меморија. Луѓето ќе почнат да прифаќаат средина што одговара на нивните потреби - без разлика дали станува збор за маса во кафуле или друг простор за соработка.

-„Работното време“ ќе стане застарен концепт: -Работниот ден повеќе не е од 9 до 17 часот, туку 24 часа на ден. Всушност, неодамнешната анкета на Fidelitya покажа дека добар дел од руправниот тим се подготвени да ги намалат платите во замена за пофлексибилно работно опкружување.

Отворените канцеларии не се омилен простор


Анализирајќи ги овие заклучоци паѓаат во очи повеќе контрадикторности. Од изложените точки, еден и четири, може да се види дека луѓето не сакаат да работат во канцеларија. Додека точките  меѓу нив  ја дефинираат средината во која луѓето не сакаат да работат.

Вистина е дека поголем број на вработени повеќе сакаат да работат од дома или да го толерираат гневниот поглед на другите клиенти во кафулето, отколку да работат во канцеларија со отворен простор.

Бројни студии покажаа дека канцелариите со отворен план се лоши за продуктивноста и не се економични. Тоа го потврди и истражувањето на Фузе кое е спроведено на студии на повеќе од 40 000 работници од 300 американски канцеларии.

Лесната интеракција „згазена“ од буката


Според истражувањето:

„Затворените канцеларии јасно го надминаа планот на отворена канцеларија во повеќето аспекти на квалитетот на ентериерот, особено во акустиката и приватноста. Предностите на подобрената „лесна интеракција“ беа помалку од недостатоците на зголемената бука и намалената приватност поради отворената конфигурација на канцеларијата “.

Освен бучавата и прекините што се причина луѓето да ги мразат канцелариите со отворен план, има и други причини наведени во написот на Волстрит журнал:

„Целиот тој социјален инженеринг создаде безброј причини што го одвлекуваат вниманието на вработените од екранот. Визуелните нарушувања, активностите и прекршувањата на рабовите на видното поле на вработените можат да влијаат на концентрацијата и да го нарушат аналитичкото размислување или креативноста.

Очигледно, постои поврзаност помеѓу канцелариите со отворен план и желбата на работниците да работат надвор од канцеларијата. Ако сакате работниците да сакаат повторно да доаѓаат во канцелариите - дајте им посебни простории! Или барем кабини со прегради што им даваат одредена доза на приватност.