Од мал семеен бизнис, кој започна со работа на почетокот на 90-тите години, денеска „Макпрогрес Виница“ е водечки произовидтел на кондиторски производи во Југоисточна Европа, а успешно извезува во 55 земји во светот. Примарна дејност на компанијата е производство на кондиторски производи, обработка и преработка на земјоделски зрнести култури. Со постојани инвестиции, компанијата го проширува својот производствен капацитет, за како што велат, да ги задоволат потребите на купувачите и производите, кои се меѓународно познати по високиот квалитет и цената достапна за секого. Во моментот, во компанијата работат над 700 вработени. Брендови на компанијата „Макпрогрес“ се „Винчини“, „Армониа“, „Сончева долина“, „Фантазија“ и „Натура“ и „Дониа“.

Менаџерката на секторот за човечки ресурси во „Макпрогрес Виница“, Лилјана Маркова, сподели со јавноста како компанијата функционира во изминатиот период. Вели дека последните две години не можат да се споредат со ниту еден период порано.


„Новонастанатите услови со појавата на ковид-19, уште еднаш ни укажа дека најважен ресурс на секоја компанија се луѓето.  Затоа ние во тој период, се фокусиравме на здравјето на вработените и создавање на безбедни услови за работа. Со појавата на пандемијата, формиравме кризен штаб, кој ги следи и имплементира сите препораки и брзо донесува мерки за справување со целата ситуација. Како и спречување на ширење на вирусот. Справување со кризата подразбираше грижа за менталното здравје на вработените намалување на физичките контакти меѓу нив. Дополнително, се држеа онлајн состаноци и имавме работа од дома. Потоа, реогранизација на смени и на колективниот превоз на вработените. Обезбедување на заштитна опрема, комбинација со болните и обезбедување на поддршка за справување со болеста. Со цел минимизирање на ризикот од зараза и непречено одвивање на работниот процес“, вели Маркова.

Претходно, во рамките на компанијата е формирана корпоративна библиотека за сите љубители на читањето. Наменета за оние кои сакаат слободното време да го поминат со добра книга или да се надоградат. Во корпоративната библиотека, во моментов, има над 400 книги. Нивната тематика е различна - популарна психологија, бизнис, маркетинг, начин на живеење, филозофија, биографски книги. Библиотеката е промовирана пред почетокот на пандемијта. Но, интересот за библиотеката бил неколкукратно зголемен за време на полициските часови, карантините и изолацијата. Како што велат од компанијата, библиотеката постојано се проширува со нови наслови.


Човечките ресурси во време на пандемија


Со почетокот на кризата, компанијата вовела професионален консталтинг за менаџерите. Во програмата биле вклучени 34 менаџери, позицинонирани на високо и средно ниво во менаџментот на компанијата. Целта, како што објаснува Маркова, била справување со новонастанатата ситуација. Односно подигнување на мотивација за работа, одржување на тимскиот дух, креирање на стратегии и иницијативи за подобрување на работата. Но, и справување на менаџерите со професионалниот стрес кој произлегува од самото работно место и начинот на менаџирање на истиот.
„Во делот на човечките ресурси,  формиравме „Винчини академија“за унапредување на вештините на вработените и потребите на производно технолошкиот процес. Преки неа, вработените ќе ги унапредат нивните технички вештини. Имавме четири обуки - една воведна, обука за пекари, за чоколатиери и за специјалисти за управување со машини. Придобивките кои ги очекуваме од оваа академија, се подобрување на перформансите, кариерен развој на вработените, зголемување на продуктивноста и создавање на специјализиран и професионално обучен кадар“, вели Маркова.

Предавачи се вработени во компанијата. Во моментов, завршени се три обуки за вработените, кои треба како краен резултат да добијат кариерен развој и за подобро извршување на работните задачи.