Од „ChatBoteria“ ги посочуваат следните пет грешки кои несвесно ги прават голем дел од сопствениците на мали бизниси. 

1. Промовирање без маркетинг план 

Пробувајќи да го промовирате вашиот бизнис на социјалните медиуми без претходно да имате подготвен маркетинг план е исто како да одите во продавница да купите црвена маица со превез на очите. Можеби ќе имате среќа и да го остварите посакуваниот резултат, но големи се шансите дека залудно ќе потрошите време и пари во процесот на купување. На секој бизнис му е неопходен претходно изработен маркетинг план. Советите на „ChatBoteria“ се прво да се осигурате дека ќе имате маркетинг план. Ако немате доволно познавање, побарајте помош од маркетинг експерт. 

2. Нејасни маркетинг цели и таргет публика 

Како ќе развиете маркетинг стратегија ако не знаеш на кого му се обраќаш преку пораките? Една од најголемите грешки која сопствениците на мали бизниси ја прават е тоа дека забораваат на еден од првите чекори пред развивањето на маркетинг стратегијата. Пред да започнете со креирање маркетинг стратегија, треба да одлучите кои се луѓето на кои ќе ги читаат вашите објави. Познавањето на потенцијалните клиенти помага за креирање содржини кои кои одговараат на сите нивни прашања и се соодветни на нивните интереси. Може да се креира „buyer persona“ и да дефинираш кои се најкритичните болни точки кои ги имаат твоите клиенти. 

3. Се обидувате да продавате на сите 

Една од многуте секојдневни грешки на новопечените сопственици на малите бизниси е ставот дека секој човек на оваа планета може да биде потенцијален клиент за нивниот бизнис. Можеби е вистина дека некои типови на бизниси се соодветни за поголема група на луѓе, ако продавате производ или услуга што е често употребувана од страна на луѓето. Но, сепак, кога станува збор за маркетинг, секогаш гледајте да ги исфилтрирате најпотенцијалните клиенти за вашиот бизнис и содржината и пораките кои ги пренесувате на социјалните медиуми да бидат адаптирани на нив и нивните интереси. 

4. Немате усовршено корисничко искуство 

Една од најважните стратегии од кои една компанија се разликува од друга е по способноста да ги стави клиентите на прво место и да им обезбеди одлично искуство. Клиентите веднаш забележуваат каков е односот на еден бренд кон своите клиенти. Одлуката да купат некој производ е под директно влијание од тоа за колку време нивната порачка е процесирана. Како и брзината за одговорање на нивните пораки или повици. Но, не заборавајте дека учтивоста и културата треба да бидат на високо ниво, иако можеби некои од клиентите воопшто и не ја заслужуваат. Но, може и позитивно да ги изненадите и да станат ваши потенцијални клиенти. Од ваквиот однос и двете страни имаат полза. Ако не успеете овие активности да ги завршите успешно, клиентите многу бргу ќе почнат да се жалат на интернет. Ако ги задоволиш потребите на твоите клиенти, тие ќе знаат да го наградат тоа. 

5. Ја игнорирате конкуренцијата 

Додека се обидувате да се издвоите од конкуренцијата, ако ја анализирате детално, имате можност и да научите нешто од нив. Многу е важно да знаете да истражите што прави вашата конкуренција на социјалните медиуми, кои се нивните предности и недостатоци и во кои сегменти можете директно да влијаете на сопствениот бизнис. Некои работи можеби не зависат од вас, но, советите на „ChatBoteria“ е да се започне од тоа што е најмногу познато и најлесно за промена. Без откажување!