Предвидувањето е важен дел од секој бизнис, кое вклучува гледање напред и идентификување на најважните идни трендови во бизнисот и технологијата.

Истакнувањето на клучните технолошки трендови за наредната година е особено важно за компаниите и деловните лидери кои мора да се осврнат на дигиталната трансформација денес за да останат конкурентни на пазарот. Форбс објави листа на клучни технолошки трендови за кои секој што планира сериозно да се зафати со подобрување на својот бизнис треба да ги подготви уште од сега. Па да видиме до каде стигнавме со тие подготовки...

AI насекаде

Најголемо внимание веќе подолго време привлекува вештачката интелигенција, но ако не сте активно вклучени во работата со технологијата, можеби нема да сфатите колку таа е сѐ поприсутна. Користиме паметни алгоритми секогаш кога пребаруваме на интернет, купуваме онлајн, се движиме додека патуваме, избираме како да се забавуваме, управуваме со нашите распореди и извршуваме безброј задачи - и креативни и секојдневни.

Она што можеме со сигурност да го кажеме е дека „возбудата“ нема да стивне наскоро. Sundar Pichai, извршен директор на Google, ја опиша вештачката интелигенција како „позначајна од огнот или електричната енергија“ во однос на влијанието што ќе го има врз човечката цивилизација. Екосистемот од решенија за вештачка интелигенција без код и платформи,-како услуги кои секојдневно се развиваат ќе стануваат сѐ попристапни. Бидејќи технолошката инфраструктура и (до одреден степен) буџетот веќе не се главна бариера за влез во овој сектор, оние со добри идеи ќе можат да креираат нови производи и услуги потпомогнати од вештачка интелигенција кои ги поедноставуваат или подобруваат нашите животи.

Силен фокус поврзан со вештачката интелигенција во 2023 година ќе има околу зголемувањето на бројот на работници. Иако вештачката интелигенција неизбежно ќе доведе до исчезнување на некои видови работни места кои ги извршуваат луѓето, ќе се појават нови кои ќе ги заменат. Одговорните работодавци кои гледаат кон иднината сè повеќе ќе размислуваат за движење  низ оваа промена овозможувајќи  и на работната сила целосно да ги користи новите алатки што им се достапни.

Друга возбудлива област на која треба да се посвети внимание е синтетичката содржина. Ова вклучува искористување на креативната моќ на вештачката интелигенција за производство на целосно нови слики, звуци или информации кои никогаш порано не постоеле. Исто како што прави човек кога слика одредена слика или пишува музичко дело. Алгоритмите на „природниот јазик“(natural language им овозможуваат на компјутерите да ја разберат и рекреираат комуникацијата на човечкиот јазик. Ова значи дека нечиј аватар може да одговори на прашање или да зборува со гласот на неговиот сопственик без сопственикот да мора да ги изговори зборовите. Истата технологија ги овластува озлогласените длабоки фејкови на Том Круз и настапот на Метафизика (Metaphysic  ) која ја воодушеви публиката на America's Got Talent оваа година. Во 2023 година, можеме да очекуваме раст на употребата на оваа генеративна форма на вештачка интелигенција во забавата и бизнисот.

Интернет на иднината - Metaverzum

Во оваа фаза, најдобриот опис што може да се примени за терминот метаверзум е само „поимпресивен дигитален свет“. Ова може да звучи малку нејасно, но никој навистина не знае како ќе изгледаат извонредните онлајн средини и корисничките искуства на следното ниво за пет години. Марк Цукерберг мисли дека ќе се работи за виртуелна и проширена реалност (VR/AR), додека креаторите на web3 платформи, како што се Decentraland или The Sandbox, мислат дека ќе се работи и за децентрализација и блокчејн. Идеите не мора да се исклучуваат меѓусебно и нема причина утрешниот интернет да не биде и децентрализиран и изграден околу потребите на 3D содржината. Но, со оглед на тоа дека се расфрлаат различни конкурентни идеи кога е во прашање дефинирање на терминот метаверзум, не е изненадувачки што некои луѓе во 2022 година се збунети.

Откако Марк Цукерберг (Mark Zuckerberg ) дигна прашина околу метаверзумот кон крајот на 2021 година, се вклучија сите големи организации во индустриите од банкарството до модата, забавата и видео игрите. Повеќето го направија тоа едноставно со искористување на постојните платформи кои се потпираат на метаверзумот, како што се Decentraland, Roblox или The Sandbox, за да ги воспостават своите први метаверзумски „истурени оделенија“. Тие се надеваат дека ќе се поврзат со првиот бран корисници на метаверзумот кои рано ја усвоиле технологијата (обично тие се сметаат за генерација Z), како и истовремено да покажат дека се во тренд така што ќе бидат вклучени во раните фази на „иновациите“. Ланецот за облека Forever 21, на пример, веројатно не очекува да заработи многу пари или да го подобри корисничкото искуство на својот просечен клиент со своето присуство во Roblox. Целта е да се разберат можностите, да се тестира достапната технологија и да се демонстрира, на своите акционери и технолошката заедница, дека е способна брзо да напредува кон новите трендови.

Во 2023 година, оваа изградба на  истурени одделенија и пилот проекти ќе станат сè попопуларни меѓу помалите организации, додека глобалните брендови кои се веќе вклучени ќе почнат да се здружуваат за да создадат кохезивни производи и услуги. Ова ќе биде наменето за мејнстрим употреба, а не само за љубителите на технологијата и за првите корисници.

Исто така, ќе почнеме да согледуваме дека метаверзумот е и мобилен и пост-мобилен. Ќе продолжиме да комуницираме со него од каде било во светот и на кој било уред што ни се допаѓа. Но, секако тоа нема секогаш да биде стандардниот паметен телефон. Новите начини на кои пристапуваме, искусуваме и комуницираме со содржината вклучуваат слушалки, паметни очила, па дури и хаптички костуми со повратни информации за целото тело, а сето тоа (меѓу другото) ќе ги дефинира можностите што се создаваат. Компаниите кои сакаат да се осигураат дека не заостануваат кога е во прашање следната итерација на Интернет, треба добро да размислат за две работи сега: како ќе ги искористат овие можности за да направат производи и услуги кои обезбедуваат повеќе извонредни и исплатливи искуства и како тие можат да ги искористат предностите на платформите и алатките кои стануваат подостапни за да ги направат своите внатрешни процеси попривлечни и поефикасни? Ова би можело да значи градење капацитети за колаборативна работа на далечина, обука, вработување и управување со проекти.

Дигитално уредување на светот

Нашата способност дигитално да реконструираме што било од физичкиот свет, којшто константно се развива, го прави метаверзумот одржлив (или дури и неизбежен) на прво место. Но, оваа идеја оди подалеку од едноставно создавање извонредни онлајн искуства; денес можеме да ги уредуваме работите во дигиталниот свет на начини кои влијаат на реалниот свет. Земете го како пример концептот на дигитални близнаци; тркачките тимовиво Формула 1  создаваат дигитални близнаци на тркачки автомобил и го користат дигиталниот свет за тестирање на автомобили во виртуелни тунели за ветер и преку дигитални симулации. Тоа им овозможува да ги менуваат компонентите на автомобилот во дигиталниот свет додека не се оптимизираат, пред 3Д да ги испечатат овие компоненти за возило од реалниот свет.

Гледаме слични способности за уредување или програмирање на материјали од реалниот свет во нанотехнологијата. Со манипулирање на карактеристиките и составот на материјалите на нано скалата, можеме на материјалите да им дадеме нови својства, како што се self-healing  бои и водоотпорна облека, или можеме да развиеме целосно нови материјали, како што е графенот, најтенкиот и најцврст материјал што постои.

А врв на светот што може да се уредува е манипулацијата со живите организми, како што се растенијата, животните или луѓето, преку уредување на генетските информации одговорни за развојот и функционирањето на тие организми. Иницијативите како што е проектот за човечки геном (в Human Genome Project) овозможија успешно да се креираат дигитални репрезенти на цели синџири на ДНК, а иновативните пристапи, како што е методот CRISPR Cas9 за уредување на гени, овозможуваат промена на ДНК и генетската структура на живите организми.

Оваа технологија отвора низа можности кои се речиси неограничени, бидејќи тоа значи дека секоја карактеристика на живиот организам која е наследна теоретски може да се промени. Можеме да ги направиме децата имуни на болести на кои се подложни нивните родители, да се развијат култури кои се отпорни на штетници и болести, а лековите би можеле да се прилагодат на поединци според нивната генетска структура. 

Повторно градење на довербата со блокчејн

Традиционално, процесите кои вклучуваат воспоставување доверба помеѓу две страни онлајн се одвиваат преку посредник. Банките и компаниите, како што е Пејпал(Paypal), го потврдуваат нашиот идентитет и дејствуваат како некој вид на жиранти кога испраќаме пари на пријателите или семејството. Сервисите што нудат услуги против измама и проверка на плаќањата ни помагаат да веруваме дека е безбедно да им дозволиме на компаниите да ги складираат и обработуваат нашите финансиски информации. Фактот дека сите овие се централизирани системи значи дека сè уште можеме да наидеме на проблеми ако компаниите што ги обезбедуваат не успеат ефективно да управуваат со нив или да дејствуваат имајќи ги предвид нашите најдобри интереси.

Прашањата поставени за довербата во 2023 година ќе се вртат околу принципот на децентрализација. Тоа значи отстранување на крајната контрола врз организација, компанија или процес од која било централна точка на сопственост, користејќи децентрализирано вмрежување изградено околу консензус и шифрирање. Ова се составни блокови на блокчејнот, кој всушност е само начин за складирање податоци или извршување на програми кои се дистрибуираат низ повеќе компјутери и не можат да бидат манипулирани од некој што не треба.

Енергетскиот гигант Шел, на пример, претстави иницијатива заснована на доверба која користи блокчејн за да биде сигурна во одржување на енергија да влезе во нејзината мрежа. И производителот на пијалоци William Grant and Son  прикачи децентрализирани дигитални токени (NFT) на високо ексклузивни шишиња од неговото виски Glenfiddich коишто им се продаваат на колекционери, што ќе им овозможи да бидат автентицирани кога ќе се препродадат.

Децентрализацијата ќе доведе до нови начини на спроведување на трансакции, комуникација и стопанисување – и не само за луѓето. Машините исто така ќе имаат корист од можноста да вршат безбедни трансакции меѓу себе, што нас ќе ни овозможи дополнително да ги автоматизираме елементите на бизнисот и индустријата кои вклучуваат различни системи за интерфејс.

Компаниите се обложуваат на тоа дека блокчејн технологијата ќе го револуционизира нашиот однос со концептот на дигитална сопственост - и ќе поттикне потрошувачки бум во процесот. Брендовите, вклучувајќи ги Прада и Баленсијага (Pradu i Balenciagu), веќе ги користат за да им овозможат на корисниците да „докажат“ дека поседуваат оригинални дигитални верзии на луксузни стоки што можат да се покажат во виртуелен свет. Ако метаверзумот значи дека сè повеќе од нас ќе трошат се повеќе и повеќе време (и пари) на интернет, сигурно ќе има луѓе кои ќе сакаат за ексклузивните или уникатни  работи што ги поседуваат да докажат сопственост и потекло.

Сите овие работи нè доведуваат до концептот на Децентрализирана автономна организација (DAO). Ова е ентитет – којшто може да биде компанија, добротворна организација, давател на услуги или група на заедницата – што се управува и администрира преку софтвер и правила содржани во блокчејнот. Сите одлуки се носат со консензус, што обично значи гласање на засегнатите страни. Резултатите од гласањето автоматски се извршуваат со паметни договори (блокчејн програми) кои можат да направат се, од плаќање до промена на структурите на управување, имплементирање нови правила и прописи или менување имиња на организации.

Хипер-поврзан интелигентен свет

Овој тренд буквално ги поврзува сите останати заедно. Тоа е мрежа од поврзани сензори, уреди и инфраструктура која ги собира податоците што ни се потребни за да го изградиме метаверзумот, да создадеме дигитални близнаци, да тренираме интелигентни машини и да дизајнираме нови начини за овозможување дигитална доверба. Ова е она што е познато како Интернет на нештата (IoT - Internet stvari ), а неговото влијание врз нашите животи ќе продолжи силно да се чувствува во 2023 година.

Трендот којшто овозможува покорисни и сложени интеракции (machine-to-machine ) машина со машина ќе биде посилен. Денес сме навикнати да ги полниме домовите со паметни гаџети и апарати, а работните простори со паметни алатки и апликации. Но, често наидуваме на проблеми кога машините имаат потешкотии да комуницираат поради различни платформи и оперативни системи. Во 2023 година, ќе видиме понатамошна работа за развој на глобални стандарди и протоколи што уредите ќе можат да ги користат за да разговараат меѓу себе. Ова значи дека тие ќе работат поефикасно и ќе можат да ни помогнат во поширок опсег на задачи.

Друга област каде ќе се фокусираме ќе биде IoT bezbednost. Иако поврзаните уреди можат да го подобрат нашиот живот на многу начини, тие исто така создаваат безбедносни ризици. Секој уред на мрежата е потенцијална пристапна точка што напаѓачот може да ја користи за да добие пристап до системот или да ги загрози податоците складирани на него. Подобрувањето на безбедносните можности за спречување на овие напади ќе биде приоритет за компаниите кои инвестираат во Интернет на нештата и ќе вклучува алатки способни да прават предвидувања со помош на вештачка интелигенција.

Услугите како што се 5G и, во иднина, 6G не само што ќе значат дека уредите ќе комуницираат побрзо од кога било досега, туку исто така значи дека може да се поврзат повеќе уреди, а комуникацијата меѓу нив може да се „пресече“ – да се постави во дискретни канали, изолирано, без никакви препреки од работи кои се случуваат во мрежата. Тоа ќе доведе до посигурни поврзани уреди за употреба во критичните процедури како што е роботската хирургија.

Зборувајќи за здравствената заштита, 2023 година, исто така, веројатно ќе биде година на бум за производите и услугите кои имаат за цел да ни помогнат да управуваме со нашето здравје и благосостојба. Со оглед на тоа што „Ковид-19“ сè уште е загрижувачки во светот и постојана закана од нови пандемии, заедно со олеснувањето на безбедносните мерки, сè повеќе од нас се свртуваат кон технологијата за да се осигураме дека ќе останеме фит и здрави, како и кон паметните уреди кои помагаат да го следиме нашиот напредок. Поновите генерации на Apple Watch вклучуваат софистицирани сензори кои можат да ги мерат температурата и нивото на кислородот во крвта, како и да вршат процеси како што е електрокардиограм (ЕКГ). Претходно, хардверот способен да ги спроведе овие скенирања чинеше десетици илјади долари. Оваа година, очекуваме да ги видиме плодовите од купувањето на Fitbit од Google, кое ќе вклучува паметни часовници и фитнес-тракери со уште пософистицирани функции.

Бонус тренд: Одржлива технологија

Покрај петте споменати трендови, постои уште еден неизбежен и незаменлив технолошки тренд кој ќе биде уште повеќе во центарот на вниманието во 2023 година: мора да се увериме дека нашата технологија е еколошки одржлива.Со некои од овие технологии, опасностите по животната средина понекогаш можат да бидат скриени во cloud data  центрите за податоци што компаниите никогаш нема да ги видат или допрат. Купувачите и инвеститорите се повеќе бараат на увид специфични сертификати, а ќе видиме повеќе од тоа во 2023 година. Центрите за податоци и блокчејн технологијата треба да станат позелени, а компаниите треба да се погрижат да не трошат вредни ресурси за складирање податоци што не им се потребни и извршување на алгоритми кои не даваат вредност.

Овие технолошки трендови, како што информира Маријана Пешиќ ќе бидат една од темите на годинашната најголемата регионална деловна конференција БИЗИТ која на 9 и 10 ноември се одржува во Белград.