Европка унија и нејзините членки забрзано вложуваат во инфраструктурни мегапроекти, чија првенствена цел е да се воспостави, но и да се унапреди сообраќајната поврзаност.
Форбс Словенија ги анализираше најголемите активни градежни проекти на Стариот континент според проценетата вредност на инвестицијата. Во овој момент најголем инфраструктурен проект во ЕУ е модернизацијата и проширувањето на париското метро Гранд Париз Експрес.
Проект на векот, како што го нарекува изведувачот ќе чини околу 36 милијарди евра и би требало да бие завршен до 2035 година.
На ранг листата на пет најголеми проекти , дури три се вклучени во Стратегијата на паневропската транспортна мрежа TEN-T (Trans-European Transport Netvork). Со стратегијата на TEN-T, ЕУ сака да ги поврзи државите -членки со подобри и нови патишта, железници, аеродроми, пристаништа и телекомуникациски врски до 2050 година.
„ Според Европската комисија“, само „довршувањето на основната мрежа“, која се очекува до 2030 година, би требало да чини од 515 милијарди евра. Во моменталната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година за проектот TEN-T се планирани повеќе од 25 милијарди евра. Најважниот европски извор на финансирање на проектот TEN-T е инструментот CEF (Connecting Europe Facility), кој на крајот на јули распредели седум милијарди евра на 134 проекти ширум цел континент.
Проекти вон ЕУ
Неки до најголемите или стратешки најважни проекти се одвиваат вон ЕУ. Од големите проекти тука треба да се споменат брзата железница HS2 (High Speed 2) која треба да го поврзи Лондон со градовите на север. Идејата е предложена во 2009 година, а изградбата започнала во 2020 година. Завршувањето се очекува после 2030 година. Најновата проценка, од јануари оваа година изнесува 66,5 милијарди фунти (79 милијарди евра), откако Владата на поранешниот премиер Риши Сунак, минатиот октомври ги прекина плановите за другата фаза на проектот, која ја опфаќаше изградбата на железничката пруга северно од Бирмингем.
Во Турција се гради каналот Истанбул, кои би трабало да го рстерети сообраќајот низ Босфор и Дарданели. Вредноста на проектот чија изградба започна во 2021 година, се проценува на 10 до 25 милијарди долари. Пониска вредност најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој овој проект го претстави уште во 2011 година.
Трет терминал на аеродромот во Франкфурт
Аеродромот во Франкфурт, кој е најголем во Германија и четврти по големина во Европа, веќе долги години чека на новиот трет терминал. Изградбата започнала 2015 година, потоа следуваше каснење поради избегнување на пандемијата од Ковид 19,но работите продолжија. Се очекува новиот терминал, кој на почетокот ќе може да прими 19 милиони патници годишно,а подоцна и до 25 милиони, ќе биде довршен до 2026 година. Аеродромот Франкфурт прими повеќе од 70 милиони патници во рекордната 2019 година.
По отворањето на новиот терминал Fraport планира да го затвори Терминал 2 кој после 30 години ќе биде целосно обновен. Голема обнова е планирана и за Терминал 1, кој воглавно го користи матичниот национален превозник вклучува и домашни летови рано наутро на Луфтханза.
Како што вели менаџерот на франкфуртската воздушна флота Fraport, иѕградбата на новиот терминал е најголемиот приватно финансиран инфраструктурен проект во Европа. Во 2016 г. Европската инвестициска банка (ЕИБ) одобри ѕаем од 600 милиони евра ѕа овој проект.
Тунел Femarnbelt
Локација на овој тунел е во Femarn, област меѓу Данска и Германија. Вредноста на проектот е проценета на: 7,1 милијарди евра. Изградбата започнала во 2020 година ,а се очекува да заврши 2029 година.
Подводниот тунел Femarnbelt се гради меѓу германскиот остров Femarn и данскиот Loland, кои сега се повразни со траект што касни. Проектот го води данската Влада, која изградила наменска фабрика на својот брег каде ги прават огромните делови за изградба на тунелот коишто потоа ќе бидат спуштени на морското дно. Германија ја гради инфраструктурата на својата страна на тунелот, вклучувајќи патна и железничка врска. Се очекува дека тунелот ќе го намали времето на преминување на морето од цел час на само седум минути со воз и 10 минути со автомобил.
Планот на данската влада е идните корисници тунелот да го финансираат со наплата на патарина.
Проектот е дел од европскиот стратешки проект TEN-T, поточно дел од скандинавско-медитеранскиот сообраќаен коридор, кој ја поврзува северна со јужна Европа. На последниот повик за средства од CEF инструментот, проектот доби околу 160 милиони евра.
Базни тунел Mont d’Ambin/Mont Cenis
Локацијата на овој тунел е под Алпите меѓу француската покраина Mauriene и италијанската долина Susa, што е проценет на осум милијарди евра. Изградбата започнала во 2019 г. А се очекува да заврши до 2032.
Тунелот Mont d'Ambin е клучниот и најпредизвикувачкиот проект на новата брза железничка врска меѓу Торино, Италија и Лион, Франција. Станува збор за тунел долг 57,5 километри низ Алпите, кој се очекува по завршувањето да стане најдолгиот железнички тунел во светот. Во моментов таа титула му припаѓа на швајцарскиот тунел Готард, кој исто така минува под Алпите.
Со осум милијарди евра, проектот претставува околу една третина од проценетите трошоци за изградба на целата железничка пруга долга 270 километри што ќе ги поврзе француската и италијанската мрежа со голема брзина. Тунелот засега е единствената пруга на која веќе се започнати работите. Врската меѓу Лион и Торино е дел од медитеранскиот коридор кој исто така поминува низ Словенија меѓу исток и запад.
Тунел во базата Brener
Локацијата е пак под Алпите, помеѓу австрискиот Инсбрук и италијанската Фортеца. Проценета вредност на проектот: 10,5 милијарди евра. Започнат е во 2008 година. А се очекува да заврши 2032 година.
Откако ќе биде завршен, базниот тунел Бренер меѓу Австрија и Италија ќе биде долг 55 километри низ Алпите. Ова ќе го растерети најнискиот дел на Бренер, низ кој тече 30 отсто од трговијата што оди преку Алпите.
Најголем дел од тој промет се одвива по патен сообраќај, што предизвикува редици камиони на превојот, а ни железничката пруга не е најефикасна поради големиот наклон на падината.
Тунелот е во сопственост на австриските железници и на италијанскиот наменски холдинг. Половина од парите за изградба се обезбедени од ЕУ бидејќи тунелот е најважниот проект во рамките на воспоставувањето на скандинавско-медитеранскиот коридор TEN-T.
Grand Paris Express
Локација на овој објект е пошироко подрачје на Париз, а неговата проценета вредност е заокружена на 36,1 милијарди евра. Започнал да се гради во 2013 година. Очекувана година на завршување: 2035 година.
Во Градот на светлината, кој е домаќин на Олимписките игри оваа година, веќе една деценија траат плановите за проширување на метрото, кое освен париз би го опфаќало и поширокиот регион Ил де Франс. Проектот вклучува 200 километри нови железнички пруги, четири нови метро линии, проширување на две постоечки и изградба на 68 нови станици.
Целта на проектот е да се овозможи подобра врска меѓу предградијата на Париз и главниот град и да се воспостават врски меѓу самите предградија, без овие врски да минуваат низ центарот на Париз.
Новите врски се очекува да превезуваат околу два милиони патници дневно. На крајот на јуни, непосредно пред почетокот на Олимписките игри, во градот беше отворена првата реновирана линија на метро - линијата 14, која првично требаше да биде отворена во 2019 година.
автор: Јан Артичек, Форбс Словенија