Пиксел“ е дигитална маркетинг агенција, која создава иновативни дизајни на технолошки напредни веб страници и на уникатна дигитална комуникација низ сите канали. Односно, „микс“, иновативен концепт меѓу софтвер дивелопмент маркетинг и дизајн. Стремежот на „Пиксел“ е нудејќи ја својата експертиза, да им помогне на компаниите да настапуваат поразлично од конкуренцијата. Паралено, да го развиваат бизнисот со помош на новите стратегии за развој на веб и маркетинг и технологии.


„Сакаме да бидеме едношалтерски систем за клиенти и компании кои сакаат да растат. Да ги размислиме нивните потреби и консултантски да им помогнеме во растот и развојот. Во моментот сме 27 вработени. Имаме и дополнителни луѓе со кои соработуваме на ад-хок база. Исто така, во рамките на самата индустрија, но и на ниво на држава, препознаваме дека постојат неколку компании кои се доста успешни и со нив партнерски соработуваме. Лошо е ако се позиционирате како компанија која може се’ и која знае се’. Влегувате во една замка од која нема излегување. Затоа и нашата интенција е да правиме соработка со други компании за нашите клиенти да им дадеме целосна услуга, каде на едно место се обраќаат за се“, вело Владимир Ристевски, партнер и креативен директор во „Пискел“.

Според Ристевски, пазарот мора да се „слуша“. Во спротивно, нема да бидат задоволни ниту крајните корисници.


Документ за комапниска култура


Како треба да се управуваат човечките ресурси? Според Ристевски, работата тргнала со документот за компаниска култура. Тој опфаќа:  пракси како луѓето да си помагаат, како да се подобрува тимската работа, меки вештини, технички знаења. Имаат развиено добар дел на пракса од менторство на практиканти. Преку работа за компаниите, доаѓаат и до нови сознанија како интерно да се подобрат.
„Кога бројот на вработени е под 15, тогаш сите вработени растат заедно. На крајот на денот, секој е одговорен за човечките ресурси. Од друга страна, во компанија со над 30 вработени, практично е невозможно да немате човек за човечки ресурси. Не треба да се гледа како трошок, туку како инвестиција. Бидејќи таа личност треба да се грижи за луѓето, да им се посвети целосно, кога другите менаџери пробуваат и да бидат менаџери за човечки ресурси и оперативно да следат и продажба и маркетинг. Едноставно, лошо е луѓето да не дојдат на ред за еден обичен разговор. Можеби некој има личен приватен проблем. Тоа е неприфатливо кога една компанија сака да оди напред“, смета Ристевски.

За него, најдобар начин е да се спроведува политиката на отворена врата. Тоа значи дека луѓето знаат дека можат да му се обратат некому и за нив е многу поедноставно.
„Тоа како процедура не е тешко да се имплементира, не бара премногу. А паралелно, ќе се сфати што се потребите на вработените за да го имаат на ум. Понатаму станува рутина која не можќете да ја избегнете бидејќи ја прават сите“, заклучува Ристевски.  

Со долгогодишното искуство на вработените на голем број проекти, „Пиксел“ успеа да ја добие довербата на водечките компании во областа на банкарскиот и финансискиот сектор, здравствената заштита, дигиталната монетизација. Во нивното работно портфолио се наоѓаат компаниите „Тиквеш“, „Жан Митрев“, „Синеплекс“, „брзи кредити Форца“, „Аџибадем Систина“ и други.