„Пивара“ Скопје промовираше нови канцеларии - првиот дел од новиот инвестициски проект. „Пивара“ денеска ги отвори новите деловни простории за вработените во пресрет на 100-годишниот  јубилеј. Новите современи канцеларии се првиот реализиран проект од новиот двегодишен инвестициски циклус со кој компанијата ќе ги удвои досегашните вложувања во својот одржлив развој. Новите деловни простории се изградени и опремени по најсовремени стандарди и технолошки трендови. Со посебно внимание на заштитата на  безбедноста и здравјето на луѓето што ќе престојуваат во нив. Инаку канцелариите ќе бидат отворени и за заедницата, посебно за младите луѓе.

„Пивара“ Скопје промовираше нови канцеларии - првиот дел од новиот инвестициски проект

Новите простории оттик за креативноста на вработените


На новиот деловен простор е работено во изминатите две години и според менаџментот на компанијата, новите простории ќе бидат поттик за вработените да работат креативно и тимски и во иднина.

Вработените се клучни за успехот на „Пивара“ Скопје  и затоа нашата визија е да инвестираме во проекти кои ќе ја поттикнат креативноста, дружењето и заедништвото на нашите вработени. Веруваме дека ова е една од највредните инвестиции  во натамошниот одржлив развој на компанијата,“ рече генералниот директор на „Пивара“ Скопе, Горан Сладиќ, посакувајќи им добредојде на присутните.

Според него сето ова е усогласено со нивната визија: - да создадеме долгорочни пртнерства со заедницата. Исто така сакаме да ја искористиме можноста да ве потсетиме на традицијата, наследството и историјата на нашата компанија, “ наглси Сладиќ.

Тој потсети дека компанијата во година слави 100-годишнина од постоењето, а само по две години и 100 годишнина од формирањето на нејзиниот бренд „Скопско“.

Сладиќ најави дека просториите од новиот деловен простор ќе бидат достапни и за потребите на заедницата.

– Особено сме горди што овие современи простории ќе бидат отворени и за заедницата, особено за младите. Покрај веќе познатите наши програми како што е програмата за зајакнување на знаењата и вештините на младите луѓе и програмата за летна практика, планираме да иницираме и нови програми, кои ќе се фокусираат на веќе постоечкиот голем потенцијал во земјава за креативност и иновации,“ истакна Сладиќ на денешната промоција на новите простории.

Тој го изрази своето задоволство од работата на проектот, за кој е убеден дека ќе ја поттикне нивната тимска работа.

Пивара“ Скопје планира да инвестира големи средства. Во компанијата веќе е започнат инвестициски циклус во вредност од околу 13 милиони евра, кој е насочен кон модернизација на производните капацитети со најсофистицирана технологија.

Во наредниот период посебен фокус ќе биде ставен на одржливоста на работењето на нашата компанија и тоа ќе биде ставено преку инвестиции во заштитата на природните ресурси со посебен акцент на спроведување на ефикасни програми за справување и управување со отпадот“, нагласи Сладиќ.

И додаде дека исполнувањето на развојните цели во многу ќе зависи и од соработката и партнерството со институциите и сите засегнати стррани во заедницата. „Но ние како компанија веруваме и продолжуваме да вложуваме во тоа.“

Бизнис секторот да не се двоуми да вложува дома


Ваквите инвестиции, според премиерот, кој присуствуваше на промоцијата, се одлична вест за домашната економија и потврда дека во државата има стабилна и предвидлива бизнис средина.

– Одлуката на „Пивара“ за нови инвестиции, но и на останатите компании е најдобар показател дека направивме многу за да се обезбеди стабилна, предвидлива и поволна деловна клима. Тоа ги охрабрува инвеститорите и компаниите да инвестираат во својот развој, во креирање на уште подобри услови за своите вработени, во зголемување на нивната благосостојба и во креиарање на услови за вработување на младите за да може да ја градат својата иднина во татковината, рече премиерот.

Тој упати порака до бизнис секторот дека може да смета на поддршката и партнерството од Владата и да не се двоуми да вложува во земјава.

М.Б