Саемот за автомобили во Женева е еден од најголемите меѓународни саеми за автомобили, кој за прв пат се одржал во 1905 година, па со одлуката за негово откажување се става крај на 119-годишната традиција.

Одборот на „Comité permanent du Salon international de l'automobile Foundation“, телото одговорно за саемот, објави дека нема да организира иден саем поради „неизвесни исходи“.

Саемот за прв пат се одржал во 1905 година, но со оваа одлука се става крај на 119-годишната традиција.

Но, кои се тие несигурности? Фондацијата која стои зад саемот за автомобили во Женева вели дека тие се поврзани со она што се случува во автомобилската индустрија. Александре де Санаркленс, претседател на Фондацијата, ја опишува одлуката како жална и забележува дека недостатокот на интерес од производителите на автомобили го доведе Саемот за автомобили во Женева во недоумица, пренесува CarBuzz.

„Незаинтересираноста на производителите за саемот во Женева во тежок индустриски контекст, конкуренцијата од саемите во Париз и Минхен, фаворизирана од нивната домашна индустрија, како и нивото на инвестиции потребни за одржување на таков саем, го претставуваат последниот удар за идното издание,"нагласува Санаркленс .

Пет години чекање

Поради глобалната пандемија, изложбата во 2020 година беше откажана неколку дена пред отворањето. Беа потребни пет години за да се врати автосалонот во Женева. Последната изложба, која се одржа во февруари на почетокот на оваа година, имаше слаба посетеност и од производителите и од посетителите. Затоа не е чудно што организаторите решија засекогаш да ја прекинат оваа традиција.

Како резултат на тоа, Одборот на Фондацијата „Comité permanent du Salon international de l'automobile“ во Женева ќе побара распуштање на Фондацијата, бидејќи сегашните пазарни услови нема да резултираат со успех на идните саеми за автомобили во Женева.

Женевскиот саем за автомобили во Катар (GIMS Qatar) ќе продолжи

Иако салонот за автомобили во Женева нема да се врати, Женевскиот саем за автомобили во Катар (GIMS Qatar) ќе продолжи да работи на Блискиот Исток, а следниот саем ќе се одржи во ноември 2025 година во Доха.

Сандро Мескуита, извршен директор на GIMS, е уверен дека саемот ќе остане успешен. „Задоволство е да се знае дека саемите за автомобили продолжуваат да привлекуваат брендови во различни делови на светот и дека Меѓународниот саем за автомобили во Женева ја зајакна својата популарност на Блискиот Исток“, вели Мескуита.

Да потсетиме,минатата година неколку големи германски производители на автомобили се повлекоа од саемот во Женева, додека саемите како GIMS Qatar и Auto China се сè попопуларни.

Светот се менува, а многу производители попрво би сакале да се заплеткаат со социјалните мрежи и кампањите што привлекуваат внимание отколку да трошат време и пари на лични презентации. За жал, оваа промена го затвори еден од најпочитуваните и најстарите саеми за автомобили во светот, пренесува N1 Загреб.