– И покрај неизвесностите предизвикани од забавувањето на економскиот раст и високата инфлација, НЛБ Групацијата ја покажа својата издржливост и постигна импресивни резултати во вториот квартал од 2023 година. Успешното работење на НЛБ Групацијата може да се припише на силен акцент на внимателното управување со ризикот и непоколеблив фокус на одржување висок квалитет на средства, силни капитални основи и силни позиции на ликвидност. Воедно, НЛБ Групацијата останува посветена на постојано подобрување на услугите за клиентите и разгледување на можностите за понатамошен раст, соопштуваат од банката.

Групацијата во вториот квартал оствари 122,6 милиони евра добивка по оданочување, што претставува стапка на раст од два отсто во однос на првиот квартал од 2023 година. Умерениот квартален раст е првенствено резултат на помалите отписи на исправката на вредноста и резервациите за кредитен ризик и повисок данок на добивка кој се однесува на дивиденди добиени од членовите на НЛБ Групацијата.

Клучните настани од работењето на НЛБ Групацијата во вториот квартал од 2023 година, полугодишниот извештај како и презентацијата за инвеститорите се достапни на берзанските линкови.

Првата зелена обврзница - клучна во вториот квартал

„Покрај тоа, успешното издавање на првата зелена НЛБ, приоритетна обврзница 4NC3 во вредност од 500 милиони евра несомнено вреди да се истакне како едно од клучните достигнувања во вториот квартал. Ова уште еднаш ја потврди посветеноста на Групацијата за одржливи принципи и деловно работење за подобрување на квалитетот на животот и создавање подобар отпечаток во својот матичен регион во Југоисточна Европа“, се наведува на веб-страницата на НЛБ.

Меѓутоа, покрај подобрувањето на квалитетот на животот, НЛБ Групацијата продолжува да биде цврсто посветена на подобрување на квалитетот на деловното опкружување во регионот. „Преку кредитната активност на банките во нашата Групација, тие остануваат доверлив партнер и за населението и за компаниите, што се рефлектира со солидни деловни резултати во сите сегменти и на сите наши пазари“, го коментираше објавувањето на резултатите Блаж Бродњак, претседател на НЛБ управен одбор.

„Покрај позитивните резултати, разбирањето и предвидувањето на економските циклуси заедно со претпазливото деловно работење и одговорното кредитирање придонесува и за зајакнување на довербата на нашите клиенти и другите клучни заинтересирани страни.

НЛБ во улога на општествено одговорен член се соочи со предизвикот од неодамнешните временски непогоди кои ја погодија Словенија, на што реагираше многу решително и конкретно со дефинирање јасна рамка за поддршка на бизнисите и домаќинствата во неволја и донираше четири милиони евра за најранливите општини за одржлива реконструкција на потребната инфраструктура. Навистина сум горд на моите колеги во Управниот и Надзорниот одбор што дадоа целосна поддршка на овие многу важни мерки“, додаде тој.

Стабилното работење и резултати ја зајакнуваат и довербата на Надзорниот одбор, чиј претседател Примож Карпе истакна: „Сигурни и упорни се веројатно најдобрите описи за првата половина од годината на НЛБ Групацијата во 2023 година. Во средина со многу мешани економски сигнали за иднината што претстои, сите банкарски членки придонесоа за добри деловни резултати и солиден биланс на состојба, што претставува добра основа за постигнување на поставените цели и решавање на идните можности. Но, од друга страна, додека постојано гледаме во иднината, цврсто стоиме и во сегашноста, а демонстрирањето социјална солидарност преку преземање активности за поддршка на засегнатите заедници и поединци во нашата матична земја е нешто што секогаш ќе остане дел од нашата корпоративна ДНК“.