
Конечно - под закрилата на музичкиот магнат Sky Music од Белград започна да функционира голема регионална музичка платформа The Band Book.
Според замислата, платформата има за цел да ги опфати за почеток сите регионални изведувачи на музика, бендови, DJ-и, инструменталисти, YouTube-ри…, кои се занимаваат со музиката, а подоцна да се прошири и на глобално ниво.
Платформата овозможува резервации на музичари, бендови и диџеи за корпоративни настани, забави, организирани прослави и свадби. Брза и лесна резервација, висока сигурност и реномирана гаранција за квалитет.
Платформата нуди повеќе од 200 изведувачи за настани!
Во зависност од видот на прославата, ги препорачуваме најсоодветните изведувачи и содржината. Најповолни и најдобри опции за родендени, свадби, веселби, прослави на матура, јубилејни прослави...

- Прославите на компанијата се огледало на компанијата, и ние ви помагаме да оставите најдобар впечаток на вашите клиенти, партнери и соработници, без разлика дали станува збор за ден на компанија, градење тим или нешто друго – велат од The Band Book.
Преку оваа платформа сите артисти од музичкиот свет ќе имаат многу подобра комуникација меѓу себе, но исто така ќе им бидат подостапни на сите релеватни институции и организатори, кои имаат потреба од нивниот ангажман.
Освен поврзаноста, бидејќи зад платформава стои Sky Music, предвидена е и категоријата premium, во која, членовите ќе можат да остварат низа повластици од овој голем дистрибутер на професионална музичка опрема и организатор на музичко-сценски активности.
Premium членството ќе значи дека музичарите ќе можат за подобра цена да набават опрема за настап, дека полесно ќе букираат бинска опрема, ќе можат да настапат на некој од ивентите на Sky Music…