Помалку работа носи повеќе профит, е основната теза во книгата „Формула за слобода“, од најпродаваниот автор на Wall Street Journal и успешен претприемач Дејвид Финкел. Тој во „Формула за слобода“ обајснува како да успеете во бизнисот без да го жртвувате вашето семејство, здравје или живот. Без разлика дали сте сопственик на бизнис, врвен извршен директор, клучен менаџер или некој што се стреми да биде, книгатат ви нуди едноставен, докажан рецепт за создавање поголема вредност за помалку време. Тоа е радикален нов пристап за структурирање на приоритетите и времето на вас и на вашиот тим со цел да ги ослободите дополнителните часови од вашиот работен ден - и слободно да го живеете вашиот живот, не само вашата работа.
Помалку работа носи повеќе профит
Финкел го споделува деталниот план за создавање максимална вредност за вашата компанија- без работни ноќи, викенди или додека сте на „одмор“, едноставно, ве упатува како да ја операционализирате работата попаметно.
Инаку, Финкел е деловен консултант кој го води својот бизнис веќе 20 години. Она што го прави препознатлив е идејата од која не се откажува: „Помалку работа - повеќе профит“.
Емоционална состојба на теренот
Помалку работа носи повеќе профит- е всушност одговор на фактичката состојба забележана од статистиката во последните 20 години:
Околу 88 отсто од компаниите преживуваат благодарение на фактот што сопственикот и иницијаторот се постојано присутни и го водат бизнисот
Истите тие сопственици работат 52 часа неделно, а неретко и повеќе.
Не помалку од 57 проценти од нив работат шест дена во неделата, а над 20 отсто работат секој ден.
Последица на ваквиот пристап кон работата го даваат одговорите на сопствениците собрани со различни прашалници:
- -Се чувствуваат заглавени во работата и не знаат како да излезат од „кругот“
- -Тие чувствуваат дека бизнисот им е шеф, а не обратно
- -Секојдневно чувствуваат притисок и загриженост и имаат впечаток дека им стојат на нивните рамена
- -Секогаш им недостасува повеќе време во денот да го завршат она што е потребно
- -Тие често се чувствуваат поразени и преоптоварени
- -И покрај сиот труд и работа, тие се заглавени во место и не знаат што да направат за да расте бизнисот
- -Имаат впечаток дека целата работа ќе пропадне доколку тие не се присутни
Финкел има одговор за ваквата состојба и за деловните луѓе и бизнисот што го водат. Тој во еден од неговите текстови напиша:
„Секојдневно разговарам со сопствениците на компании кои се борат да продолжат напред. Тие работат и 80 часа неделно. Не спијат. Едвај го гледаат семејството. И повторно, и покрај сето тоа, имаат впечаток дека нема напредок и се блиску до точката на пукање и откажување. Би сакал деловните луѓе да бидат ретки во такви примери, но, за жал, не се“.
Каде лежи проблемот?
„Колку повеќе работите, толку повеќе размислувате и вашите мисли се порасфрлани“, вели Финкел. „Тоа сигурно води до лоши деловни и други одлуки. Ваквите одлуки нема да придонесат за напредок, туку ќе ве влечат да работитте уште повеќе. Всушност, постои круг во кој се вртите и кој е негативен и од него мора да излезете“, пишува Финкел во својата книга The Freedom Formula.
Одмор за поголем профит
Првото нешто што сосема логично произлегува од споменатите состојби e исцрпеност и прекумерна работа на сопствениците на компаниите. Совет - одете на одмор.
„Иако можеби е луксуз, се покажа дека дава добри резултати ако квартално одите на мини одмор. Или, ако секој втор петок земате слободно време од работа или ако во некои денови останувате на работа до 17 часот и ја оставате работата недовршена (не грижете се, ќе ве чека следното работно утро)“, пишува Финкел.
Тоа што треба да го направите
Еден од клучните проблеми што го забележува Финкел, а кој ве вовлекува во негативниот круг, е тоа што деловните луѓе немаат поим на што треба да го трошат своето време.
„Претрупани сте со мејлови, повици, итни интервенции, пораки. Сите тие се мали задачи кои трошат многу енергија и бараат многу време. И, на крајот на денот, клучната работа не е завршена, важните работи остануваат недовршени. Важно е: Треба да ви биде јасно што тој ден треба да направите за да излезете од маѓепсаниот негативен круг и така да ја подобрите вашата работа“, советува авторот.
Приоритети
Да речеме дека имате пет важни задачи што треба да ги завршите во еден ден. Еден сигурно има најголемо влијание врз целата ваша работа и токму таа работа треба да ја сработите веднаш штом ќе стигнете на работа. И тоа не само што е важно, туку ќе ви даде и ветер во грб до крајот на денот.
Статиите на Дејвид Финкел месечно ги читаат над 100.000 луѓе заинтересирани за напредок во бизнисот. Тој е еден од најпродаваните автори и читајќи ги неговите совети гарантирано ќе ве убеди во следните чекори:
- -Дека треба да си ги вратите животите.
- -Не се работи за тоа да работите повеќе, туку подобро.
- -На овој начин гарантирано ќе имате подобар фокус и ќе донесувате добри одлуки.
- -И не е тоа ништо тешко ниту комплицирано.
Овие поенти ги покажа практиката на Дејвид Финкел како и неговото активното учество во подигањето на компаниите и зголемувањето на профитот.