Глобалниот притисок врз домашните цени на електричната енергија ја јаметнаа потребата од економичен систем за греење или ладење. Потрагата по начинот како да се намалат месечните трошоци, речиси не секогаш е едноставка и брза постапка. Како за домаќинствата, така и за бизнис секторот. Во тој случај, правилната стручна информација и демонстрација значајно помага многу полесно да се одбере систем со висока енергетска ефикасност.

Како што напоменува сопственикот и основач на македонската компанија „Термо систем“, Саша Стојановиќ, одговорот на сериозните предизвици кои се одразуваат со раст на трошоците за греење и ладење е во иновативните системи кои имаат висока енергетска ефикасност. Нивната компанија има соодветен изложбен простор каде потрошувачите можат да се запознаат со актуелната понуда на пазарот.

„Мултифункционалноста на нашиот новоизграден изложбен простор одговара на секојдневните барања на купувачите за сите системи на греење и ладење. Тука има место и за оние кои бараат иновативни системи со висока енергетска ефикасност и за клиентите кои уредуваат или инвестираат во деловни или станбени објекти. Во нашата работа се стремиме кон интегрирање на опрема со најнова технологија и работење по највисоки стандарди за квалитет“, вели Стојановиќ.

Корпорациското портфолио на компанијата „Термо систем“ испишува 20 годиишна успешна работа на македонскиот пазар. Компанијата се занимава со трговија, инженеринг, увоз и изведба на инсталации во делот на греењето, ладењето, водоводот и обновливите извори на енергија. „Термо систем“ работи на приципот – сите решенија и производи да бидат на едно место. За оваа замисла да се реализира во пракса, сопственикот Стојановиќ, во време на пандемијата со ковид – 9 и останатите глобални предизвици, инвестираше во изградба на нов продажен и изложбен салон во Скопје, кој се протега на 6 000 квадратни метри. Новиот мултифункционален простор одговара на секојдневните барања на купувачите за сите системи на греење и ладење. Тука има место и за оние  кои бараат  иновативни системи со висока енергетска ефикасност и за клиентите кои уредуваат или инвестираат во деловни или станбени објекти.

„Изминативе две децении во бизнисот покажаа дека нема лошо време за добра инвестиција. Нашите купувачи и нашите соработници, речиси дваесет години, работат со нас поради палетата производи на светски брендови и идејните решенија што ги нудиме за греење, ладење, водовод и обновливи извори на енергија. Одлучивме да се преселиме во близина на приватната болница Систина, на улица Скупи бр. 47, заради подобри услови за работа и можност нашите клиенти да дојдат во салонот и да ги погледнат сите производи и решенија што ги нудиме“, вели Стојановиќ.

Визијата на Стојановиќ, како основач и сопственик на компанијата е да добие задоволни купувачи. Целта е да им се понудат квалитетни производи и услуга на ниво. 
Инаку, компанијата „Термо систем“ нуди производи од светски познати и реномирани брендови. Тие се   Giacomini, Ariston, Galletti, Fondital од Италија Siemens, Bosch, Wilo, Rothenberger, Аquatherm од Германија, како и многу други производители на опрема во овој сегмент од целиот Балкан. „Термо систем“ инаку е формирана во 2003 година.