Задужбина на легендарниот Милан Младеновиќ на 30-ти јуни го затвори конкурсот за регионална песна, а од пристигнати 197 композиции жирито ќе одбере најдобри 12, чии имиња ќе бидат познати најдовна до 20 август.
Победникот ќе се знае на 21 септември, денот кј се одбележува како роденденот на Милан.
Но, тоа не се единствените активности на Задужбината за ова лето.
Имено, упатен е повикот за учество во создавање на единствениот архивски фонд на „Задужбина Милан Младеновиќ“, кој треба да стане јавно културно добро.
– ??????@???????????????.??? е адреса преку која можете да придонесете во зачувување на меморијата на ликот и уметничкото дело на Милан Младеновиќ. И, сами знаете колку беше важна неговата улога во градењето на современата културна сцена…
Ако сте подготвени да го подобрите фондот со донација и имате фотографии, видеа, исечоци од весници, корици на албуми, касети, билети од концерти на ЕКВ, Катарина Друга, Лимоново дрво, Шарло Акробата, Angel’s Breatha, автограми или кој било друг материјал, пишете – велат од таму.
Па, кој има – нека донира.