Актуелните состојби околу измените и недостатоците во законските регулативи, како Законот за работни односи, Законот за вработување во јавен сектор, Законот за јавна администрација и Законот за приватни агенции за вработување како можност за подобрување на функционирањето на целокупното стопанство во Македонија беа тема на денешниот договорен состанок меѓу проф. Д-р Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика во канцеларијата на претседателот на Влада на Р.С. Македонија и претседателот на Федерацијата на приватни агенции за вработување Норик Селими, и двајцата потпретседатели на Федерацијата: Саша Ристиќ кој воедно е и претставник на ПАВ „Анторис“ и Блаже Митев.
Претставниците на Федерацијата на приватни агенции за вработување (ФПАВ) ги презентираа забелешките околу дадените предлози за актуелните измени на Законот за вработување во јавниот сектор, коишто според нив треба да претрпат одредени измени за да се подобри функционирањето на институциите во државата.
Како што информираат од Федерацијата, претседателот Норик Селими изложил краток историски преглед на агенциите и нивното функционирање во државата – со нагласок дека можностите за вработување и потенцијалот на агенциите не се доволно искористени од страна на државата.
-Потпретседателот на Федерацијата го запозна советникот и со приликите од времето на младинските задруги со оглед на тоа дека тој функционира од тој период кога беа актуелни овие задруги. Тој нагласи дека токму целта на донесување на Законот за привремени вработувања што подоцна прерасна во Закон за приватни агенции за вработување претставува цивилизациски исчекор околу подобрувањето на целокупната состојба на вработените кои претходно биле ангажирани преку младинските задруги. Всушност лицата кои претходно биле ангажирани преку овие задруги во институциите, особено во здравствениот сектор, медицинските сестри и доктори добиваа само одреден минимален надомест со персонален данок што не ги покриваа ниту основните човекови потреби. Немале здравствено, пензиско осигурување ниту стаж, можности за да планираат семејство или да користат кредити и сите други потреби кои им следуваат на нормално вработени лица. Со донесувањето на Законот за привремени вработувања сето тоа се реши , меѓутоа со сегашните предлози кои сметам дека се пропуст или невнимание од лицата кои се ангажирани околу подготовката на промените во Законот а вработување во јавниот сектор, ако не се внимава на одредени членови од законот, не е исклучена можноста да се вратиме повторно во времето кога лицата ќе бидат само со основен персоналец без осигурување по кој било основ, ниту ќе ги имаат основните човекови права кои се загарантирани со нашите закони за работни односи во Македонија“, информираат од Федерацијата.
На состанокот биле отворени повеќе теми како да се подобрат условите за вработување во државата како да се усогласат одредени регулативи кои се наследени од времето на Југославија, а кои во изминатите декади не се адаптирани на компаниите кои функционираат во регионална и во глобална смисла.
Советникот кој доаѓа како професор од правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е од областа која го опфаќа работењето на приватните агенциите за вработување, неговото значајно теоретско и практично искуство од досегашното работење во земјата, регионот и во странство покажа големо разбирање за проблематиката со која се бават агенциите, и предложи поинтензивни комуникации и средби со цел да се придонесе за подобро функционирање на целокупното стопанство и државните институции во државата.
Имајќи ги предвид актуелните забелешки околу подготовката на измените во законите околу вработувањето претставниците на ФПАВ заедно со владиниот советник се договорија да организираат трибини во кои ќе се вклучат сите инволвирани чинители од трудовиот инспекторат, од Министерството за труд и социјала, од Владата и други миистерства и останати чинители како и приватниот сектор, како би можеле да ги даваат своите предлози и заеднички да ги разгледуваат и усогласуваат.
Претставниците на приватните агенции се задоволни од овој предлог и самите предлагаат што поскоро да се организираат такви начини на собири и научни дискусии кои ќе придонесат за подобро функционирање на стопанството.
„Како еден од основните заклучоци од средбата е предлогот да продолжат разговорите околу предлозите за актуелниот Закон за јавни службеници со конкретни решенија, а подоцна да се пристапи кон предлозите околу останатите закони, како што е Законот за приватните агенции за вработување, каде ќе треба да направиме дополнувања. Промени кои ќе значат подобро функционирање и на самите агенции, како и подобри услуги и функционирање на сите чинители во стопанството во Македонија.
Во вториот дел од разговорот ги потенциравме сите досегашни активности од работењето на агенциите како што се активностите во секторот за преквалификации на кадар, кој уште како се рефлектира во подобрување на условите за работата, така што работникот наместо да работи како административен службеник за помала плата, како преквалификуван работник во приватниот сектор може да заработува многу повеќе. Токму тука агенциите имаат огромна улога, но и интерес секој преквалификуван кандидат да остане работно ангажиран на што подолг период. Со што всушност придонесува за јакнење на приватниот сектор.
Беа претставени и другите услуги кои ги извршуваат агенциите како консалтинг во работење, преструктурирање, спојување на компании, интегрирање во нови компании, консултантски услуги, едукативни процеси од оперативно до управувачко ниво во компаниите каде како агенции имаме поголеми интереси на функционирање. Додека во делот што го работиме во државниот сектор го работиме од аспект на јакнење на институционалното функционирање на државата.
Се отвори и темата за недостаток на работна сила во земјава и во регионот и проектот „Отворен Балкан“ каде се укажа на одредени недостатоци од страна на институциите во државата кои треба да се приспособат како би имале максимален ефект од овој проект и сето тоа да придонесе за подобри резултати на сите инволвирани во проектот Отворен Балкан, а и на Република Македонија како држава“, велат претставниците од Федерацијата на приватни агенции за вработување.
Претставниците од Федерацијата го потенцирале и недостатокот на правила и регулативи кои не ги дефинираат јасно процесите на функционирање кои се наследени од времето на Југославија, а коишто се рефлектираат во начинот на функционирање на институциите во земјава. Токму тие конструктивно ќе се разгледуваат на сите заеднички трибини кои ќе бидат планирани во иднина до изнаоѓање на конкретни решенија, кои ќе го унапредат функционирањето на држава во целост.
Се задржавме и на темата за адаптирање на законските регулативи и усогласување со европските, но од аспект и од интерес на стопанството во Македонија. Да не бидат строго препишани работи кои едноставно не функционираат во нашето стопанство според примери од други држави.
Од страна на советникот, имајќи предвид дека овој е прв контакт со приватните агенции за вработување и запознавање со одредени елементи кои досега не биле воочени има позитивна заинтересираност и поддршка. Со сите предлози советникот ќе го запознае и премиерот и другите чинители во Владата и ќе ги запознае со работата на агенциите во интерес на државата и спремност заеднички да допринесеме за функционирање на државата .
Претставниците од приватните агенции за времени вработувања се задоволни што конечно после долго време се реализира формална средба со владини претставници на која се разгледаа, пренесоа сугестии и предлози и искуства околу подготвувањето на измените на регулативите за вработување, и се надеваат дека ваквите конструктивни средби ќе продолжат и во иднина.