„СмартАп – лабораторијата за социјални иновации“ е организација која ги идентификува предизвиците во општеството. И тоа во следните области – образование, животна средина, климатски промени. Потоа, развива решенија и социјални иновации. Целта е да се создаде некаква вредност. „СмартАп“ го разви проектот за избор на идна професија и кариера.


„Многу е важно да има еквивалентност на тоа што се бара и тоа што се нуди. Дефинираме три клучни цели. Да ја подигнеме свеста за кариерното насочување кај младите, да го зголемиме задоволството на пазарот на трудот, односно да му дадеме на пазарот тоа што му треба и да креираме дигитална алатка „Насочи ме“, каде младите можат да го побараат своето кариерно насочување и да си помогнат на себе при изборот на професијата, вели Маја Илиоска, маркетинг менаџер во организацијата.“  

Тестови за кариерна ориентација
„Можеме да ги допреме преку тие тестови. Бидејќи самите испитаници ни покажаа дека сакаат да бидат во допир со вакви тестови. Односно, каде можат да дознаат кои се видовите на професии во кои можат да се  пронајдат. Се изјаснија дека сакаат да гледаат видеа со совети од професионалци во различни области. Снимавме видеа од различни области, различни професии и земавме поширок дијапазон на професии. Освен стандардните - инженери, маркетари, менаџери, адвокати аргитекти, имамве видеа со професии кои не ги забележуваме во секојдневието - диџеи, актери, пантомимичари. Тој начин  на презентации го задржа вниманието на средношколците. Преку рубриката „Моја насока“ сакавме да го проткаеме прашањето која е мојата насока и да си одговорат на прашањто, вели Илиоска“.

Истражување – луѓето генерално немаат кариерно насочување

Истражувањето кое го спровела организацијата, дава повеќе информации за две целни групи. Во првата група, 60% од испитаниците беа луѓе со високо образование и вработени. Високи 90% од нив немаат никакво кариерно насочување при изборот на својата професија. Од друга страна, кога станува збор за помладата популација, 85% од нив не знаат ни дека постојат некакви тестови и кариерно насочување во своите училишта.


„Она што е најзначајно, односно запрепастувачки, половина од испитаниците не беа задоволни со изборот на својата професија. Тоа значи од своето секојдневие, начинот на кој работиш. Така и побудено од тој порив, некако се склопија коцките и ја основавме платформата „Насочи ме“ како кариерно насочување. Кога се започнува ваков проект, треба да се осознаат и останатите земји - каков процес на кариерно насочување практикуваат во своето образование кај учениците средношколците и студентите. Имавме ограничени ресурси за да следиме конкретна земја. Но, ги гледавме добрите пракси во земјите во кариерните центри,  ги претвориме слабостите во предности и го креираме пакетот за среднистите“, објаснува Илиоска.

На платформата „Насочи ме“, можат да се погледнат повеќе видеа од различни професии во општеството. Соговорниците, кои се експерти во своите области, даваат одговори на прашањата:

- како  како изгледа еден работен ден на маркетинг специјалист,

- какви услуги нудат средните училишта за кариерно советување,

- моќта на социјалното претприемништво и

- важноста да се одбере вистинската кариерна патека во животот.