Асоцијацијата на спортски обложувалници во кои спаѓаат „Моцарт“, „Спорт лајф“, „“Златна копачка“, „Евротип“ и „Марбет“, реагираат на новите ковид мерки за влез во нивните објекти. Тоа значи дека без сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, не можете да уплатите ливче. Со намалената посетеност, од АСОМ посочуваат дека е доведен во прашање опстанокот на нивното функционирање. Но, и работните места на преку 3 500 вработени во обложувалниците. Како и преки 50 000 вработени во други дејности кои се поврзани со работата на спортските обложувалници.


„Драстично е опаднат прометот. Според проценките на нашите членки, се работи за речиси 50% што значи дека се намалува и приходот во државната каса. Од почетокот на пандемијата, спортските обложувалници доследно и во целост ги почитуваат сите мерки и протоколи за работа. Ние бевме првите целосно затворени субјекти дури два месеци, од март до мај 2020 година. По отворањето, продолживме да работиме според најстроги протоколи. Работата се одвива преку шалтерски систем и со минимално задржување на играчите. Мерките и протоколите се почитуваат во целост. Ниту еден наш објект не е санкциониран за непочитување на мерките, наведуваат од АСОМ“.

Тие бараат промена на мерките за обложувалниците. Да се укине потребата од сертификат за вакцинација или текст за прележан ковид во последните 45 дена. Доколку не успеат во намерата, од АСОС ќе побараат државна помош, со цел да се одржи стопанската гранка и да не се бркаат вработените.

Од Асоцијацијата побараа и повторно враќање на онлајн игрите на среќа преку лиценцираните приредувачи. Со тоа велат дека со тоа ќе се обезбеди безбедност на играчите и стабилност на дејноста.

„Секоја година, индустријата со приредување на игри на среќа придонесуваат во државниот буџет повеќе од 250 милиони евра. Со скратената можност да се приредуваат организираните онлајн игри на среќа, води кон тоа играчите да играат на сајтови регистрирани во странство. Тоа значи одлив на пари надвор од државата во висина до 50 милиони евра годишно, сметаат од АСОМ.“


Обложувалниците со пад во приходите и добивките за 2020 година

Според достапните податоци на „Бизнис мрежа“, која нуди онлајн пристап до податоци за компаниите, ако се погледнат финансиските резултати на обложувалниците во споредба со 2019 година, ќе се воочат значителни загуби. Изразено во проценти, негативните последици односно пад на приходите се движат до една четврина, или 25 насто. Сепак, нема драстични промени во ранг листата на најдобрите во овој сектор. Според приходите, на врвот е „Спорт лајф“ со регистрирани приходи од 66 милиони евра. Но, во споредба со 2019-та година, тоа е пад од 23 насто, имајќи предвид дека тогаш, компанијата ја завршила со приходи од високи 86 милиони евра. Ако се погледнат, пак, регсистрираните добивки, повторно „Спорт лајф“ е на самиот врв. Неговата добивка изнесува 2,6 милиони евра за 2020 година. Иако, повторно, е речиси дупло помала во споредба со 2019-та година. Тогаш добивката изнесувала 4,8 милиони евра.

http://antoris.mk/%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%98-%d0%be%d0%b4%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%be-%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%be%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0/