Сосетки, мајки, ќерки, пријателки..., си признаваат едни на други за мажите, за оние со кои го делат животот. Тој секогаш е на пиедестал во патријархалното општество, а оние во сенка ги остваруваат своите цели, без да ја загрозат машката позиција на моќ. За тоа зборува претставата „Мојот сопруг“ на ЈДП – Југословенско драмско позориште – (Југословенскиот драмски театар), според делото на македонската писателка Румена Бужаровска.

Во режија на Јована Томиќ, според збирка раскази напишана од Румена Бужаровска претставата со голем успех се игра на сцената во Белград.

Мажот не е тука на сцената, но тој е во центарот на вниманието, како главен актер. Се чини дека актерките Јована Беловиќ и Сања Марковиќ тоа верно и пренесоа на публиката, како дел од програмата на Белеф, на платото кај споменикот на „Победник“ на Калемегдан.

Во делото „Мојот маж“, македонската писателка создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека сопрузите се во фокусот на нивните животи.

Драматизацијата вклучува избор и адаптација на пет приказни - „Прељубникот“, „Татко“, „Лиле“, „8 март“ и „Супа“.

Жените во форма на исповести го проблематизираат својот однос со партнерите, но бараат и поддршка, солидарност, помош и поддршка и од други жени. Меѓу нив постои разлика во возраста и потеклото. Тие доаѓаат од различно културно и социјално потекло, но ги поврзуваат истите проблеми.

Во петтата, последна приказна, хероините го насочуваат вниманието од мажот и сопругот кон нив и кон друга жена покрај нив.

Претставата премиерно беше изведена на 18 април во ЈДП, а судејќи според интересот на публиката, ќе има успешен театарски живот.

Навистина би било убаво да ја видиме и во Скопје.