Славе Ангелов е основач на „Fliprise design“ и контент агенција за „Амазон“ услуги и „Lista“, нова веб – апликација за автоматско бесплатно креирање на високо – конвертирачки продукт слики. Неговата кариера ја започнал како графички дизајер, работејќи на повеќе платформи и како фриленсер. Како фриленсер, запознал клиенти кои на почеток биле мал бизнис, со мал пазар и мал број производи.

„По извесно време ми се јави потребата да отворам компанија, за да не го изгубам клиентот решив да вработам луѓе кои ќе работат заедно со мене за потребите на странска компанија.  Тоа беше во 2016 година, кога имав 23 години. Откако ја кренавме компанијата, почнавме да градиме тим кој што че работи за тој клиент. Стигнавме до бројка од 10 луѓе. Почна да се јавува прашњето што ако останеме без клиентот. Сега има куп луѓе кои имаат потреба да работат и се јави потреба за нови клиенти. Прв нов клиент кој излезе како можност беше директна конкуренција на клиентот за кој работевме првично. Се постави прашањето како воопшто да работиме со нив, дали тоа за нас ќе биде легално, раскажува Ангелов. 

На крај, решиле дека е побитна потребата да се осигураат дека луѓето кои ги имаат вработено, ќе имаат повеќе можности и нема да го искусат ризикот кој што го имале со само еден клиент.

Така, ја отвориле втората компанија „Fliprise“. Компанијата вработила нови луѓе кои не работеле со истите од претходно. Се осигурале дека ќе имаат фер пристап кон вториот клиент. Вработиле маркетинг експерти. Некои од нив, не биле експерти во областа, но, со тек на време станале.

„Особено со платоформата „Амазон каде има премногу можности како пазар. Направивме голем тим кои се со нас од 2016 и почнавме да привлекувамеи други типови клиенти. Само што имавме ние убав раст и нови клиенти да го минимизираме ризикот кој го имавме. Прв голем клиент за кој работевме сите имаше голем проблем од менаџерски карактер. Од период кога немавме многу работа, стигнавме до период каде имаме премногу работа“, вели Ангелов.

Работиме на производи на брендови кои продаваат на „Амазон“

Со тек на времето, Ангелов вели дека решиле да создадат веб апликација која ќе биде наменета за истата индустрија. Апликацијата има за цел да им помогне на бизнисите кои немаат големи бузети, да си креираат свои дизајни користејќи нивни темплејти и ресурси кои ги нудат. Тимот кој работи на „Lista“ се луѓе кои ја изградиле компанијата „Флипрајс“ и се луѓе кои се експерти за Амазон дизајн и маркетинг. Неодамна, успеаја да го добијат прв партнер. Тоа е Акцелераторот на УКИМ (БАУ), за кој Ангелов вели дека верувале во нивната идеја и инвестирале 25 000 евра во проектот и станале нивни партнери.

Парите ќе бидат искористени за изработна на комплетна маркетинг стратегија и почетокот на продажбата. Целта е „Lista“ да стане најупотребуваната алатка за создавање на брендирани слики за производи за продавачи на „Амазон“. Од друга страна, пак, тоа ќе им биде од помош на продавачи кои немаат финансиска можност да инвестираат во дизајни и не се конкурентни на пазарот на „Амазон“.

Обраќањето на Ангелов беше дел од серијата настани кои се организираат од Старт ап Македонија „Од фриленсери до ко-основачи“.