Бизнисите не мора да ги прифаќаат сите трендови на продажба, но, има многу да избираат, и да ги избират оние кои најмногу имаат влијание за одрден бизнис. Сепак, клиентите и нивните потреби, остануваат во фокусот на продавачите, сега повеќе од кога било.

Ова се топ 10 продажни трендови за тековната година.

1. Продажба базирана на вредност

Продажбата заснована на вредност е еден од критични моменти за успешна продажба:

▪ 92% од купувачите претпочитаат да видат понуда базирана на вредност во раните фази на циклусот на продажба.

▪ 87% од компаниите со висок раст применуваат продажба базирана на вредност.

▪ Продажбата заснована на вредност потенцијално може да доведе до 70% зголемување на стапките на затворање на продажбата

 

2. Продажба преку социјалните мрежи

Акценти од успешноста на продажба преку социјални мрежи

▪ 78% од бизнисите кои вршат ваква продажба генерираат повисоки продажби од оние што не го прават тоа.

▪ Ваквите продавачи имаат 51% поголема веројатност да ги постигнат своите квоти.

▪ Дополнително, над 10% од продавачите кои се занимавале со социјално продавање затвориле најмалку пет зделки.

 

3. Успехот на клиентите е врвен приоритет

Зошто успехот на клиентите е тренд во моментов?

▪ Околу 50% од потрошувачите се префрлаат кај конкуренти по едно лошо искуство.

▪ Покрај тоа, 83% од купувачите кои даваат висок рејтинг за една компанија имаат поголема веројатност да купат производи.

▪ Грижата за постојните клиенти може да ја поттикне продажбата и лојалноста на клиентите.

 

4. Продажба преку повеќе канали е веќе стандард

Овозможува да се прошири досегот на пазарот, ја зголемува ефикасноста, ги намалува трошоците, го зголемува задоволството на клиентите, поттикнува повторна продажба и води до зголемена продажба и повисоки профитни маржи.

• Клиентите обично користат 10 или повеќе канали за да комуницираат со добавувачите.

• 46% од трговците на мало планираат да вложат повеќе пари за продажба преку повеќе канали (BigCommerce, 2022).

• Околу 74% од клиентите прават онлајн истражување пред да посетат физичка продавница.

 

5. Автоматизацијата на продажбата создава разлика

• Бизнисите што ја усвоија автоматизацијата на продажбата пријавија зголемување на ефикасноста од 10% до 15%, како и раст на потенцијалот за продажба од 10%.

• Денешните дигитални алатки можат да автоматизираат над 30% од продажните задачи.

• Изненадувачки, само 26% од организациите користат автоматизација за продажба и маркетинг.

 

6. Генерирање на потенцијални клиенти преку висококвалитетни информации

Маркетингот базиран на содржина веќе преставува стандард (94% од компаниите веќе го користат).

▪ Еден добро промовиран вебинар има потенцијал да привлече потенцијални клиенти со стапка на конверзија од 55%.

▪ Исто така, 60% од вебинарите имаат намера да создадат лојални клиенти.

▪ 104 милиони луѓе во САД редовно слушаат подкасти, а месечната стапка на слушање се зголемува за 37%.

 

7. Продажбата заснована на податоци е модерна

Влијание на аналитиката на податоци и продажбата водена од податоците.

▪ го зголемуваат растот на приходите за 2,7 пати во споредба со бизнисите кои не го прават тоа.

▪ деловните лидери ја зголемуваат продажбата за 2% до 5% од одлуки водени од податоци.

▪ 72% од брзо растечките компании велат дека аналитиката им помогнала да креираат ефективни планови за продажба.

 

8. Поблиска врска помеѓу продажбата и маркетингот

Некои продавачи мислат дека маркетерите креираат нереални планови , додека некои маркетари веруваат дека продавачите ја добиваат целата заслуга (Graziani Multimedia, 2021).

▪ 87% од компаниите велат дека усогласувањето на продажбата и маркетингот е огромна можност за подобрување на деловните перформанси.

▪ 9 од 10 професионалци за продажба и маркетинг веруваат дека не се усогласени низ културата, стратегијата, содржината и процесот на продажба.

▪ Усогласувањето на продажбата и маркетингот потенцијално доведува до 400% повисок годишен раст.

 

9. Продажба на Z-генерацијата

▪ 32% од глобалното население - New York Post.

▪ Меѓу причините е нивниот растечки број и куповното влијание.

▪ 45 милијарди потрошувачка директна моќ (Debt.com, 2020) и дополнително влијание на околу 600 милијарди американски долари на семејната потрошувачка (Business2Community).

 

10. Користење на продажни видеа

Видеата ги достигнаа фотографиите во однос на онлајн ангажманот, па затоа е сосема логично тие да бидат дел од која било стратегија за продажба и маркетинг.

▪ Просечен човек троши 100 минути дневно гледајќи видеа.

▪ 52% од маркетерите користат повеќе видеа отколку слики на Фејсбук.

▪ видеата имаат потенцијал да го намалат циклусот на продажба за 50%.