„Како институција, веќе 20 години сме на пазарот познати како банка партнер на бизнисот.  Доминантно позиционирани за соработка со мали и средни претпријатија. Искуството кое го имаме стекнато во тој дел и знаењето кое го имаме како институција, би можеле да го аплицираме и на најмалите компании. На оние кои се во зачеток на работата на своето бизнис патување. Бидејќи, тие мали, средни или големи корпиративни клиенти со кои ние соработуваме денеска, некогаш биле стартапи или биле помали. И на тие компании и тогаш и на овие сега им е потребна банка. Би сакале да ги отвориме вратите на банката. Малку подинамично, со поголем ентузиијазам од наша страна. Бидејќи како тим на вработени, имаме што да пониудиме во тој дел“, вели Милан Дамчевски, директор на бизнис филијала во „ПроКредит банка“.

 

На првиот Национален стартап самит, Дамчевски се осврна на пристапот до финансии за започнување стартап. Она на што посочува е дека пристапот до финансирање е само еден дел од она што им е потребно на стартап компаниите. Другите компоненти се и типот на финансирање, структурата на кредотот како и добивањето на финансиски совет. Смета дека за компаниите во зачеток е најбитно да добијат некаква потврда од банката дека се на вистинскиот пат.

„Да имаат банка која ќе биде во можност да направи добра и квалитетна финансиска анализа. Да може да им укаже на позитивните страни на нивниот бизнис. Но, и ризиците и можните закани кои би можеле да ги очекуваат. И да им се даде совет на кој начин може да ги надминат. Ние како банка тоа го нудиме. Сметам дека тоа е клучниот момент за стартапите и малите компании, кои се во една фаза на развој и експанзија. За „ПроКредит банка“ е важно компаниите да знаат дека имаат партнер. Партнер кој не само што дава кредити, туку и сака тој бизнис да успее, долгорочно да функционира и да имаме соработка“, вели Дамчевски.


Ретроспективно, анализирајќи ги годините наназад, Дамчевски смета дека институционалната поддршка за стартапите била лимитирана, за разлика од сега. Во однос на условите, набројува низа чекори кои банката ги презема пред да донесе одлука за евентуално финансирање. „ПроКредит банка“ ги „скенира“ историјата и староста на компанијата. Понатаму, дали во одреден временски период покажува некаков резултати и има некаква стабилност.


„Или пак, млад претприемач кој има идеја, но, нема доволно капитал да го вметне во фирмата за да ја крене на здрави нозе, со влегување на ФИТР, сега тоа го имаме. Бидејќи, иницијалното учество во самата идеја или тој сопствен капитал кој што новата компанија може да го има. а во минатото беше многу тешко, еден млад претприемач да го обезбеди сега со Фондот кој му стои на раслолагање. Ако е потребно 50 000 евра за одредена идеја да биде аплицирана или услуга да биде ставена во процес, колку и да е добар менаџерот да ги побара тие средства, а нема влог, за банката е ризичен пласман. Сега имаме институција која учествува со 50% од самата инвестиција. За банката тоа е добар знак. Тоа е на некој начин влог на сопственикот. На тој начин за банката е полесен пристапот за добивање кредит“, објаснува Дамчевски.

Неговото убедување оди во насока на тоа дека е потребна поддршка за овие компании. Да им се даде импулс да бидат функционални, да придонесуваат за отворање на нови работни места. Бидејќи, како што вели Дамчевски, на тој начин ќе се спречи одливот на мозоци, ако младите усепат да останат во земјава и се вработат.