Пролетен Вивалди форум- бизнис настан на годината во организација на Мокрогорската школа за менаџмент  и Анторис, партнер на МШМ за Македонија ќе се одржи од 24 до 26 март годинава во Дрвен град во Мокра Гора. 

Пролетниот Вивалди  ЦЕО форум е наменет за раководителите на организациите, кои се наоѓаат на првата борбена линија сочени со голема одговорност. На овој форум доаѓаат оние кои секојдневно тежнеат кон унапредување на своите организации, на луѓето и на општеството во целост. Најистакнатите имиња на српско-стопанската заедница на едно место ќе дискутираат за актуелностите. 

Првиот од четирите годишни форуми на вистински начин ги сумира резултатите од претходната година и открива што не чека во наредната. Затоа март резервирајте го за најдобриот настан во волшебното опкружување на Мокра Гора,“ нагласуваат организаторите. 

Инаку, Вивалди форумите се организираат четири пати годишно, симболично на почетокот на секое годишно време. Тие претставуваат место за средби, поврзување, размена на искуства и мислења на стручни луѓе од светот на стопанскиот, општествениот и културен живот. Сите на едно место со една цел:  подобрување на условите за стопанисување. Форумите се оценети како инспиративни, корисни и омилени од стручната јавност.

Бизнис настан на годината

И годинава, на Пролетниот Вивалди форум ќе ги споделат своите искуства и знаења најистакнатите имиња на српското стопанство. 

Стопански настан на годината: 

  • Затоа што познанствата се поважни од парите; 
  • Затоа што опкружувањето е услов за успех 
  • Затоа што ова е единствената можност 
  • Затоа твоето место е на најголемиот бизнис настан во Србија. 

Вака МШМ ги повикува заинтересираните бизнисмени на овогодинешниот Пролетен вивалди форум кој го доби епитетот настан на годината бидејќи собра еминентни говорници. 

Агендата опфаќа неколку клучни теми и панели. Во фокус  на говорниците се темите: „Претприемачки вирус“, „Во љубов со својот бизнис“ и „Интимни приказни за (не) успехот“. А, ќе дебатираат и на панелите: „Од претприемништво до корпорација“; „Заедно сме појаки“ и „Нови можности за претприемништвото“ (нова реалност).

Заедно сме појаки

Учесниците на настанот ќе имат можност да ги слушнат: 

Веселин Јевросимовиќ, претседател на COMTRADE кој ќе ги пренесе своите искуства преку темата: „Заедно сме појаки“
Небојша Шапоњиќ основач на Нелт.
Бранислав Грујиќ, соосновач и претседател на PSP – Farman Holding, ќе раскаже што го мотивирало да стане претприемач

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ВИВАЛДИ РАЗГОВОРИ: Интимни приказни за (не)успехот

Ексклузивно за учесниците на овој форум Драган Бјелогрлиќ, основач на COBRA PRODUCTION ќе зборува на тема „ Интимни приказни за (не) успехот“. Бјела е најмалку глумец а многу повеќе режисер, продуцент и претприемач во филмсакта индустрија.

 

 

 

 

 

 

ВИВАЛДИ РАЗГОВОРИ: Небото не е граница

Бранко Бабиќ, основач на „PHIACADEMY“, кој ќе говори на тема „Небото не е граница“.   Човекот што започнал како чирак кај својот татко, како младич го печел занаетот на кванташки пазар, а станал еден од 10 најголеми австриски претприемачи.
Мила Литвињенко основач на AURA која ќе го пренесе своето гледиште „Дали постои тајна за женското претприемништво“? Бојан Лековиќ, основач и директор на „Купувам –продавам“ ќе говори за едне нов импулс во домашното претприемништво.
Срѓан Јаниќевиќ, основач и директор на Мокрогорска школа за менаџмент, ќе ви помогне со своите соговорници да ги разберете предизвиците на денешното деловно опкружување.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Misa Lukic New Strategy
Миша Лукиќ, основач и директор  на New Startegy, ќе ја открие тајната како се прават претприемачки организации од постоечките стабилни корпорации. 
Rade Rakocevic Senzal Capital
Раде Ракочевиќ, оснивач и директор на  Senzal Capital (Moritz eis) ќе ги мотивира учесниците да пробаат да направат нешто заедно. 
Profesor Ljubomir Madzar
Људомир Маџар, легендарен омилен професор, промотор на претприемништвото и создавањето во стопанството

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ivan Minic Pojacalo
Иван Миниќ, основач на Pojacalo podcast и професор на Факултетот за медиуми и комуникации. „Нови правци и модели во претприемништвото“
Braca Burazeri Nikola i Nenad Radojcic Decko Tzar
Никола и Ненад Радојичиќ  оснивачи на брендот „Браќа буразери“ кои го основаа култниот бренд Decko Tzar омилен меѓу сите генерации во Србија и странство.
Bojan Stevanovic Hauz majstor Rustler
Бојан Стевановиќ, основач и директор на  Hauz majstor RUSTLER- Како од подрум станавме водечка регионална компанија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пролетен Вивалди форум – бизнис настан на годината 

 

За своите успешни приказни и искуства ќе зборуваат и: 

Горан Ковачевиќ, Gomex
Васко Лекиќ, основач на Задруга CONCEPT
Сања Вучковиќ основач на „Gvint pivara”

 

 

 

 

 

 

 

 

Славимир Стојановиќ, основач и графичк дизајнер  Futro, школуван, талентиран и усшпешен уметник, а професионален и занаетчија; 
Бранислав Вујовиќ претседател на New frontier
Драгана Дјермановиќ, советничка за раст и развој на лидери, менаџери, претприемачи и  компании

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Небојша Матиќ основач и дирекотр на MIKROElektornika
Јасмина Кнежевиќ, основач на BEL MEDIC приватна болница, која од мала организација прерасна во најпрестижна приватна клиника
Жарко Сакан генерален директор на New Moment, (семеен бизнис)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Информации за учесниците

Цената за регистрација за учесниците на настанот е 14.530 денари + ДДВ. Додека за оние кои настанот ќе го следат онлајн котизацијата е 5.560 денари. Цената вклучува посетеност на сите формални и неформални сегменти на програмата, работни материјали и паузи за кафе. Цената на програмата не ги вклучува трошоците за сместување или превоз до Мокра Гора. 

Сместувањето може да го резервирате во хотелот Меќавник (http://mecavnik.info/categ/location/).  МШМ за учесниците на форумот обезбеди 20 отсто попуст од редовните цени обележани на веб-страницата на хотелот Меќавник. Можете исто така да барате сместување во било кој туристички објект во Мокра Гора преку Booking.com. 

Комби-превозниците кои имаат редовни тури до Мокра Гора се Terra Travel и Gea Turs.

 ЗА  МАКЕДОНИЈА  

Сите заинтересирани кандидати што сакаат да се пријават може да се обратат во АНТОРИС на телефонските броеви: 02 3104604 или на 071 223868 или на електронска пошта kontakt@antoris.mk. Може да се организира и заеднички превоз.