Веселинка Герасимова - Петровска е проект менаџер на „Ист Гејт Ливинг“ комплекс кој се гради во Скопје. Во моментот, инвеститорот, компанијата „Балфин Груп“, работи на изведба на четири објекти од вкупно предвидените 10. Компанијата интензивно работи веќе две години, а очекувањата се првиот дел од комплексот од четири станбени единици да заврши во септември.
„Сега има модерен начин на презентација на она што го нудите како продажба со изработка на прототип на станови. Тоа го направи и компанијата „Лимак“, но и „Балфин Груп“ која го гради Ист Гејт ливинг. За да предочите на идниот купец на стан како ќе изгледа неговиот дом, добро е да направите прототип. Тоа го реазлиравме кај нас. За купецот да го спознае просторот како ќе изгледа неговиот дом а потоа и технички да се запознае што се би било вградено во станот, го носите на увид на самиот стан и добива претстава што би добил како идно живеалиште. Сите клиенти кои доаѓаат, сакаат да знаат и каков тип на материјал се работи. Почнуваат од нивното на енергетска ефикасност на зградата, прашуваат дали е од типот на А, надворешната столарија, дали има звучна и термичка заштита, вградување на амтеријали, тип на плошка, паркет, внатрешни и надворешни и сите системи кои го прават комфортот, греење и вентилација“, вели проектантката Герасимова - Петровска.

Герасимова - Петровска работи долги години на проектирање и надзор на објектите, односно присутна е во процесот на изведба на сите работи. Сега од позицина на проект менаџер на „Ист Гејт Ливинг“, ги менаџира сите фази на градбата од почеток до реализација во рамки на буџетот на проектот и динамиката која е предвидена за градба. Таа смета дека квантитетот влијае врз квалитетот на градбите и треба стручната фела да ги едуцира инвеститорите дека треба да се почитуваат правилниците за стандарди на станбени објекти.

„Со оглед на тоа дека домувањето е сензитивна гранка за проектирање и многу суштинска за секој од нас, сведоци сме дека приватните инвеститои сакаат да добијат повеќе стабнеи единици на сметка на квадратира на станот. Односно, да вметнат повеќе соби во квадратура кои се нестандардни во однос на правилниците за домување. Колегите треба да ги почитуваат правилниците и да не дозволуваат инвеститорите да ги диктираат стандардите. Доблеста на проектантот е да предвиди станбен простор кој ќе ги задоволи потребите на едно семејство. Трендовски и искуствено од Европа треба да воведуваме и подно греење, кое ви дава друга слобода во функционалната организација на просоторот. Треба да се оди и на тип на ладење на станбените простори заради термичките разлики кои ги имаме во Македонија - високи летни и ниски зимски температури. Комбинирањето на овие системи кои ќе ги вгради инвеститорот се важни за тоа што клиентот на крај ќе одлучи каде ќе купи свој стан. Покрај топлотната изолација, важна е и звучната изолација. Особено меѓу просторите од станбени единици и кон јавните простори. Исклучително е важно да се решат со технички идржани системи и конкретно на „Ист Гејт Ливинг“ комплексот се трудиме да ги запазиме барањата што се дадени на проектантот и да ги имплементираме на проектот. Навистина треба убедување на инвеститорите дека еден од клучните сегменти е да се испочитува тој правилник за авучна заштита кој за жал е потценет, кој го имаме од дамнешна Југославија и само треба да го применуваат колегите и можеби треба да се преобнови по МКД стандарди за да биде запознаена и фелата дека постои таков правилник за звучна заштита на станбените објекти“, објаснува Герасимова - Петровска.
Нејзиното искуство во проектот „Ист Гејт Ливинг“ покажува дека доаѓаат различни клиенти, а се зависи од агентот или претпоставениот за продажба во самата фирма. Стигнуваат прашања од типот на видот на термичка изолација, каков тип на паркет има.
„На крај треба да му направите добра презентација, треба да го убедите клиентот зошто е најдобро да купи стан тука. Никогаш не треба да кажувате нешто што нема да го добиете во просторот, да бидете доблесни да ги кажете сите позитивни и негативни страни на просторот. Да му посочите дека квадратурата која ја избрал како просотор ќе му биде доволен за неговите потреби. Начинот дали ќе биде италијанска или друг тип на плочка суштински не му менува во просоторот каде ќе живее. Информацијата е многу важна“, вели Герасимова - Петровска.
Скопје Ист Гејт Ливинг подразбира нов стил на модерно живеење. Комплексот ќе содржи 672 станбени единици со 20 типа на уникатни станови. Растојанието меѓу зградите ќе биде на 50 метри, а тие ќе бидат опколени од 25 000 квадратни метри зелена површина.