Прв Национален Стартап Самит „Заеднички влијаеме” е мотото под кое ќе се одржи овој самит на 28ми мај, 2021 година.

Прв Национален Стартап Самит „Заеднички влијаеме”

Над 20 претставници од македонската стартап заедница, заедно со претставниците на Владата на Република Северна Македонија, ќе ги дефинираат чекорите кои државата треба да ги преземе за нашата држава да се позиционира како регионален стартап хаб.

Самитот се организира со цел градење посилна стартап заедница, зајакнување на претприемачкиот дух во македонското општество и создавање на глобално успешни стартапи.

Настанот ќе содржи 4 панел дискусии:


  • -Македонски стартап еко систем: Каде сме и каде сакаме да бидеме? 2016-2026;

  • -Иновации – Успешни приказни на македонските иновативни компании/стартапи;

  • -Пристап до финансии и

  • -Импакт бизниси водени во РСМ  „Предности и предизвици“.


Специјален гостин говорник  ќе биде Себастијан Диаз Меса, поранешен директор на Стартап Чиле. Тој ќе зборува на темата „Успешна приказна и зошто Македонија има потенцијал да стане регионален стартап хаб?”.

На настанот ќе се обратат  и претставници од владиниот врв и директорот на Фонд за иновации и технолошки развој.

Првиот национален Стартап Самит ќе биде хибриден настан и ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук страната на Стартап Македонија.

Организатори на Самитот се: Стартап Македонија и Бизнис Импакт Лаб. Самитот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската претприемачка програма (Swiss EP). Оваа програма во последните неколку години активно работи на развој на македонскиот стартап екосистем и зајакнување на капацитетот на заедницата преку поддршка во справување со предизвиците со кои се соочува заедницата.