Прва јужнокорејска инвестиција во земјата вредна 30 милиони евра. Јужнокореанската компанија за автомобилски делови „Алмак“ заедно со „Дура аутомотив системс“ ќе вложат 30 милиони евра во нов производствен капацитет во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.
Прва јужнокорејска инвестиција во земјата вредна 30 милиони евра
Тие денес, во пресрет на на утрешното официјално стартување го презентираа нивниот нов инвестициски проект во земјава пред членови на Владата. Станува збор за нова инвестиција за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија. Почетокот на производството се планира за следната година.
Компанијата од Јужна Кореа, „Алмак“, ќе има мнозински удел во заедничкиот инвестициски проект од 70 проценти, а главна причина за нивната одлука за инвестирање во Северна Македонија, како што беше истакнато на состанокот, е позитивното искуство на нивниот бизнис партнер „Дура аутомотив системс“, кои ја потврдија одличната деловна клима во земјава и можноста за долгорочно планирање и развој на заедничкиот проект.
Секако, ваквиот вид на инвестиции во земјава, значат имплементирање на врвна технологија и нови добро платени вработувања, што ќе влијае на севкупниот економски раст во државата.