Со повеќе од 75 годишно искуство, претставници на оваа меѓународна компанија за управување со кредитни ризици и гости од други домашни и странски институции, говореа за ризиците од неплаќање на побарувањата и како да се заштитиме од неплаќање.
Сергеј Симонити, регионалeн директор за Кофас Адриатик, вели дека Кофас Македонија е конститутивен дел на Адриатик регионот. „Пазарот во Македонија е во развој, веруваме во успех на македонската економија и веруваме, дека со нашите продукти, може квалитетно да придонесеме до успехот на економијата. Македонија ја гледаме како крстосница меѓу југот и северот, западот и истокот и веруваме во успешен развој. Исто така, многу работиме со словенските инвеститори во Македонија и на крај, но многу е важно, во Македонија се чувствуваме добредојдено“, рече Симонити.
Во својата активност на македонскиот пазар, оваа светска компанија соработува со локални партнери. „На подрачјето на осигурувања на побарувањата наш ценет партнер е Сава осигурување, на подрачјето на деловните информации одлично соработуваме со Интеркредит. Што се однесува до делот на судска наплата, најзначаен партнер во Адриатик регионот е правното друштво Праљак и Свиќ од Загреб“, вели Симонити. Овие три компании, заедно со Кофас Адриатик, ја организираа денешната прва Country Risk конференција во земјава.
.jpg)
Според Мелита Гугуловска, генерален директор на Сава Осигурување а.д. Скопје, се повеќе расте бројот на осигуреници кои го користат продуктот Осигурување на побарувања.
„Сава осигурување го претстави овој продукт, кој дава максимална заштита на бизнисот на компаниите, уште во 2018 година. Сите компании имаат долгогодишни бизнис партнери со кои соработуваат и со кои имаат беспрекорна соработка. Но, не ретко се случува дел од нив, во одредено време, да имаат финансиски проблеми и да престанат со плаќање на обврските. Токму таа ненаплата на побарувањата е ризикот кој го преземаат Сава осигурување и Кофас“, рече Гугуловска.
„Покрај основната функција, заштита од ненаплата на побарување, тој е моќна алатка која дава можност нашите осигуреници да ја зголемат продажбата преку послободен пазар на сегашните и идните маркети, во земјата и надвор, детална анализа на ризикот и финансиската стабилност на секој ваш бизнис партнер – купувач, максимална контрола на реализација на вашите финансиски планови“ заврши Гугуловска.
На денешната конференција неколку компании, како што се Алкалоид и Либерти стил груп, го презентираа своето искуство од осигурување на побарувањата и заштита од деловните ризици. Македонски партнер во областа на судската наплата за клиентите на Кофас се јавуваа двокатското друштво Лазов Бадева адвокати.
Интеркредит, како 20 годишен партнер на Кофас, учествува во оваа конференција за да се подигне свеста кај домашните компании дека не се сами во бизнис ризиците, дека компанијата Кофас со повеќе од 75 годишно искуство во кредитното осигурување и управување со ризик, е тука да помогне и нивната визија за успешен и сигурен бизнис ја пренесе кај македонските компании.
Директорот на Интеркредит, локалниот партнер на Кофас во земјава, Горан Николоски рече дека со алатите на Кофас што ги нудат на македонските компании им се дава детална анализа на компаниите за да можат да се заштитат од потенцијални ризици и потенцијални неплаќачи секаде низ светот.
-Кофас има дата база од 200 милиони компании и има 24-часовен мониторинг на секој потенцијален ризик за било која компанија и било кое отпочнување на деловна соработка со компаниите. Практично покрај бизнис извештаите можеме да понудиме и алатки за да се заштитат од неплаќања од потенцијални клиенти, рече Николоски.
Во структурата на Кофас, како што кажа, има систем со кој може да се предупредат компаниите доколку некоја трета или четврта компанија не плаќа на нивниот партнер за да може однапред да се заштитат и да го намалат изложувањето на плаќањето. Нудат, како што кажа, и помош при наплата на побарувања од странство.
„На компаниите во Македонија може да им понудиме и заштитен знак – печат кој се става на фактурите за да се препознае брендот на Кофас. Кај нас компаниите го прават само она што се мора и не ги осигуруваат парите. Алатките кои ги нуди Кофас нудат превентива компаниите да се заштитат пред да ги уплатат парите на друга компанија за некоја услуга. Мислам дека ќе бидеме поттик компаниите да си ги осигураат побарувањата претежно на македонскиот пазар, но и надвор со што ќе станат поконкурентни, рече Николоски.
Како најголеми ризици за македонските компании кои работат во странство ги истакна недоволното познавање на пазарот, на политичката ситуација во земјата и на правото, како и на начините и менталитетот во работата. Лидер во регионот во делот на осигурувањето на побарувањата е Словенија по што следат Хрватска, Србија по што доаѓа земјава.
Доколку влезат во циклусот на неплаќања македонските компании можат да наплатат дел од парите во период од 30 до 60 дена. Со полисата на осигурување од Кофас, пак, како што рече Николоски, може да се креира полиса за побарување и доколку некој ти касни само еден ден со плаќањето.
На првата Кофас Country Risk конференција во земјава претставници на оваа меѓународна компанија за управување со кредитни ризици и гости од други домашни и странски институции, говореа за ризиците од неплаќање на побарувањата и како да се заштитиме од неплаќање.