Се појави првата варијанта на единствената валута на асоцијацијата БРИКС, објави државната телевизија и радио компанија на Иран.

– Рускиот амбасадор во Јужна Африка ја демонстрираше банкнотата БРИКС 100 за време на церемонијата во амбасадата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Преторија – објави платформата Х.
Фотографијата приложена со пораката покажува дека знамињата на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, како и симболите на земјите се прикажани во круг во центарот на монетата.
Забележано е дека по презентацијата, рускиот амбасадор банкнотата Брикс му ја предал на амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Самитот на БРИКС се одржа во Јоханесбург од 22 до 24 август. За време на настанот, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса најави дека од 1. јануари 2024 година, како полноправни членки на асоцијацијата ќе се приклучат уште шест земји: Саудиска Арабија, Аргентина, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.
Во исто време, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула де Силва го поддржа создавањето на единствена сметководствена валута БРИКС. Тој го нарече неприфатлив „зелениот неоколонијализам“ на развиените земји.
Во меѓувреме, Максим Чирков, вонреден професор на Катедрата за политичка економија на Економскиот факултет на Рускиот универзитет за пријателство со народот, во интервју за „Известија“ истакна дека е многу корисно земјите-членки на БРИКС да издаваат сопствена валута, бидејќи за нив ќе се отворат нови можности за развој.
БРИКС е меѓудржавно здружение основано во јуни 2006 година. Сега се состои од пет земји: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, пренесува Политика.