Претседателот и сопственик на Comtrade Group, Веселин Јевросимовиќ (57) е еден од најуспешните локални бизнисмени. Како иницијатор и лидер на голем систем на ИТ индустрија, тој секојдневно се соочува со проблеми кои бараат решенија, со предизвици и одлуки.

За Bonitet.com тој зборуваше за актуелните предизвици и неговите решенија како да се борите и да ги надминете.

Нема  кадар

„Секојдневно се соочуваме со проблеми во компанијата“, вели Јевросимовиќ „Ние навикнавме и сме истренирани тие проблеми секојдневно да ги решаваме. Каков и да е, проблемот не смееме да го оставиме зад себе, тој мора да се реши. Проблемот со кој се соочуваме во моментов е недостигот на кадар. Оваа индустрија порасна толку многу што во моментов има 60 отсто недостиг на персонал ширум светот. Постои голема побарувачка бидејќи речиси секоја компанија денес е технолошка компанија. Затоа секој ден бараме добри и квалитетни луѓе“, нагласува Јевросимовиќ.

Според него Comtrade нема проблем да добие нови работни места и проекти, но има проблем да ја заврши работата, бидејќи нема доволно персонал.

Најголемиот предизвик за него во 38- годишното работење било на самиот почеток кога на 20 години наишол на многу проблеми и многу препреки. „Немав на кого да се потпрам, немаше кој да ми помогне, немав искуство, не бев школуван, и брзо се соочив со неуспех. Најголемиот проблем во таквите ситуации е колку човек може да издржи да го бутка неуспехот за на крајот да стане успешен. Го советувам и мојот помал син, кој почна да се занимава со спорт, дека не може да биде успешен спортист ако не научи да губи. Ќе станеш успешен спортист само ако научиш да губиш.

Така е и во бизнисот - не можете да бидете успешен бизнисмен ако не сте научиле како да паѓате. Полн сум со лузни од 38-те години во кои се занимавам со овој бизнис, а тие главно се резултат на кризи предизвикани од надворешни фактори. Не може да се влијае на тоа“.

Поминувајќи низ кризни времиња, Јевросимовиќ вели дека научил многу, а пред се главната лекција е оваа:

„Не брзајте. Не донесувајте избрзани одлуки во паника. Тогаш се прават грешки бидејќи е тешко да се размислува рационално во такви ситуации. И секогаш кога има тешки моменти, тогаш најмногу се вложувате“.

Купуваш, продаваш, заработуваш

На неодамна одржаниот семинар „Стратегија за личен развој“ организиран од консултантската компанија Peterhof, Јевросимовиќ во разговорот за личниот развој потсетува на  своите почетоци.

„На крајот на 80-тите и 90-тите бевме компанија со над 12,5 милијарди годишен обрт. На 30 години веќе ги постигнав моите цели. И немав деловен модел. А го го немам и денес. Немав време да се стекнам со примери во бизнисот затоа што сам се школував и едуцирав, и самиот поминав низ трнлив пат.

Како изгледаше тоа?

Едноставно. Студирав економија, но сфатив дека бизнисот се заснова на многу примитивни принципи и дека нема потреба да се создава посебна филозофија.

Купуваш, продаваш, заработуваш.

Основата на секој бизнис е заработката-профитот.

Без разлика дали вашата компанија е мала или голема, не е важно. Што и да сакате да постигнете, треба да ги поставите овие основи. Сведок сум на многу интересни проекти кои пропаѓаат токму поради тоа што не се разгледуваше комерцијалната основа.

Значи, се зависи од тоа каде сте почнале, кога сте почнале, како сте почнале, од условите, местото и секое време е различно. И мојот пат не може да се спореди со ниту еден друг“, рече тој на панелот посветен на личниот развој и целта на бизнисот.

Совет на Јевросимовиќ

Кога темите се интересот и целта на бизнисот, Јевросимовиќ за себе и за својот деловен живот вели:

„Бизнисот никогаш не бил мој прв приоритет. Беше на петто или шесто. Во бизнисот влегов од спортот и го гледав како спортски натпревар. Ако давав максимум во спортот и се трудев да бидам најдобар, така и во работата. Се занимавав со атлетика во дисциплината скок со стап, а тоа не е исплатлив спорт. Но, благодарение на спортот, јас сум тоа што сум денес. Атлетиката дава нешто што ниту еден друг спорт не го дава, а тоа е фанатичната упорност да се истрае во се што сакаш да правиш. И ја прифатив обврската да бидам претседател на Атлетската федерација на Србија, сега веќе 14 години, за да го вратам долгот кон мојот спорт како претприемач“.

А себе вели дека не е најдобар пример за бизнисмен кој се вклопува во деловните стандарди.

„Секогаш гледав да имам време за себе, а потоа да го работам она што го сакам, што е најголемата предност. Покрај времето за семејството, секако, имајте време и за себе. Никогаш не сум отишол на работа пред 11 часот. Никогаш. Ниту на 20, ниту денес. Мојата деловна филозофија е дека само кога сте одморени можете да го дадете најдоброто од себе.

Второ, добриот менаџер не смее да работи многу, не смее да биде роб на својата работа. Ако има јасна цел, визија, ако е организиран, ако знае да делегира, тој е добар менаџер. Комтрејд има повеќе од пет илјади вработени. Замислете јас да размислувам за сите нив? Подобро тие да размислуваат за мене.

И, нема суета. Не смеете да дозволите суетата да ве владее. Многу пати ме демантираат во друштвото. Секој прави грешки. Јас сум првиот што греши, но најмногу ризикувам“, рече Веселин Јевросимовиќ за својот однос кон работата и додаде:

„Во мојот систем имам луѓе кои се занимаваат со тактичко и оперативно управување. Имам луѓе кои го прават тоа од едноставна причина што не можам се. Ако некој ме праша што сум по професија, би рекол дека сум футурист. На училиште имав двојник по математика и англиски јазик. Единственото нешто што ме интересираше беше астрономијата. Обожавав да гледам во ѕвездите, да гледам во иднината и во исто време да гледам во минатото, а тоа ме фасцинираше. Овие тенденции ги манифестирав за време на моите студии во Америка. Секогаш го правев тоа што го сакав, а пред се да гледам во иднината.

И, запомнете, порано или подоцна, некој секогаш ќе ве копира. Единственото нешто што е важно е колку чекори ќе бидете пред другите. И во мојата компанија е воспоставен систем со јасно дефинирани обврски, но пред се основата на нашето функционирање е тимската работа. Донесуваме одлуки и поставуваме задачи и цели како тим. Но, јас сум секогаш во нов проект, нов стартап. Секогаш сум вклучен во нешто ново и се занимавам со тоа и заборавам на се што имам зад мене. И така е сега. Во последните месеци сум  во компанија која има околу 20 вработени и само со тоа се занимавам. Гледам како да ја подигнам и како да успеам“.

Криза, отпуштања и опуштања

Кога темите се состојбите во ИТ индустријата и актуелните отпуштања, Јевросимовиќ смета дека ИТ индустријата не е во криза и смета дека тоа нема да биде наскоро. Проблемот е на друго место.

„ИТ индустријата е помош за реалната економија. Ако реалната економија е во криза, тоа не може да не се одрази во ИТ економијата. Пред десет години го избрав патот на вештачката интелигенција, роботиката и сајбер безбедноста. Излезе дека сум бил во право. ИТ компаниите за кои во медиумите се пишува дека отпуштаат луѓе се компании кои преземале погрешни проекти или се потпирале на двајца или тројца големи клиенти“, тврди Јевросимовиќ.

Што се однесува до личните цели, претседателот на компанијата Комтрејд Груп вели дека секогаш ги има пред себе, бидејќи во спротивно, вели, би залутал. Својот бизнис го смета за свое хоби, редовно тренира, а сегашната цел му е да стигне на Патагонија на пешачење.( Patagoniije na hajking)

На прашањето колку време може да си дозволи Веселин Јевросимовиќ за да се одмори или да побегне од својата компанија, тој вели:

„Можам без проблем да одам на одмор две-три години, а компанијата и понатаму ќе работи. Мислам дека тоа е мојот најголем успех. Успеав да поставам таков темел што мојата компанија не бара мое присуство и тоа не е Веселин Јевросимовиќ“