Компанијата Sono Motors најави дека наскоро ќе започне со сериско производство на својот соларен автомобил Sion ЕВ. Компанијата уште од стартувањето со седиште во Минхен во 2016 /17 година, го претстави моделот Sion, првиот SEV (соларен електричен автомобил). Сега оваа компанија објави дека до почетокот на септември годинава добила над 20.000 резервации, секоја со по над 2.000 евра депозит.

Соно претходно објави дека Sion ќе има почетна цена од 25.126 евра. Целта е во текот на седум години производство, почнувајќи од втората половина на следната година, од фабричките монтажни ленти да излезат 257.000 примероци од ова возило.

 Производството на соларните автомобили ќе се реализира во  Valmet Automotive од Финска.

Овде, концептот на соларен електричен автомобил има сосема поинакво значење од претходните комерцијализации на соларни панели на четири тркала.

Sion е компактен хечбек со пет врати. Неговата надворешна обвивка ќе се состои од 456 интегрирани полу-ќелии распоредени по каросеријата, што во просек овозможува 112 километри автономија неделно, но двојно повеќе во области со голем број сончеви денови. Исклучок е предниот дел на возилото, каде што нема ќелии со цел да се минимизираат трошоците за поправки во случај на сообраќајна незгода.

 

Се разбира, возилото ќе користи и традиционален полнач за полнење гориво, но постојаното напојување на сончевата енергија треба да биде доволно за повеќето урбани патувања. Sion има батерија со капацитет од 54 kWh, која обезбедува автономија до 305 km според WLTP.

Компатибилен е со полначи со моќност до 75 kW, а може да послужи и како извор на енергија со моќност до 2,7 kW.

Комплет за соларни автобуси

 Sono Motors  покрај соларниот автомобил дизајнираше и комплет за соларен автобус. Комплетот за соларни автобуси вклучува осум квадратни метри соларни панели кои обезбедуваат околу 1,4 kW при врвна инсталација.

 

Комплетот за соларни автобуси на Sono не може да го претвори автобусот што пумпа дизел во еколошки хибрид, но може да отстрани дел од емисиите.

Според компанијата, комплетот што е стандардизиран да работи со „практично сите европски автобуски компании“, може да заштеди до 1.500 литри дизел и до четири тони CO2 по автобус годишно. Сончевата  енергија што ја користи комплетот на Соно може да се користи за напојување на потсистеми на автобусот, како што е HVAC.

Уште минатата година од компанијата најавија дека ќе ја лиценцираат својата технологија за соларни панели на други компании како дополнителен извор на приходи. Практично комплетот за автобуси е дел од потегот за диверзификација на бизнисот.

Од Соно велат дека добиле писма со намери, пилоти и прототипови за 19 компании кои ја имплементираат соларната технологија на компанијата на различни архитектури на возила, како автобуси, приколки, камиони и електрични транспортери.