Елон Маск со гласно „ДА“ од акционерите на Tesla доби поддршка за неговата визија со кој неговиот удел во компанијата може да се зголеми од 15 на 25 проценти во следните години. Всушност станува збор за 423 милиони акции, што Маск ќе ги добие под услов да ги исполни целите за изведба во текот на следната деценија. Одлуката за прифаќање на новиот план на Маск е изгласана со 75 отсто поддршка од акционерите на почетокот на месецов. Гласањето ја потврди силната доверба во неговото лидерство и потенцијалот за раст на Tesla.

Големиот план со 12 треанши
Според Reuters, платниот пакет на Елон Маск се состои од 12 транши, кои ќе ги добие доколку Tesla постигне одредени цели во наредните десет години. Секоја транша му доделува околу 35 милиони акции, или приближно еден процент од вкупните акции на компанијата.
Првата транша ќе се активира кога пазарната вредност на Tesla ќе достигне два билиони долари. Моментално, вредноста на компанијата изнесува околу 1,5 билиони долари. Следните девет транши зависат од раст на вредноста за секои 500 милијарди долари, до 6,5 билиони долари. Последните две бараат раст од еден билион долари секоја, што значи дека Tesla треба да достигне 8,5 билиони долари за Маск да го добие целиот пакет. Ако сите цели се исполнат, Маск би можел да добие околу 432 милиони акции, што потенцијално би го направило првиот билионер во светот.
Предизвик за Маск
За да го постигне планот со 12 транши, Маск и Tesla мора да ги исполнат следниве цели. Испорака на вкупно 20 милиони електрични возила (досега околу осум милиони), 10 милиони претплати на Full Self-Driving (FSD) системот, комерцијално работење со еден милион роботакси возила, испорака на еден милион хуманоидни роботи Optimus.
TESLA и пристапот кон вештачката интелигенција
Tesla планира изградба на огромна фабрика за производство на AI чипови, со цел да обезбеди независност во полупроводниците. Маск изјави дека внатрешното производство на чипови ќе ја зацврсти позицијата на Tesla како лидер во иновациите на иднината. Тој спомна можност за соработка со Intel, а развојот на AI5 чипот може да се спроведе во партнерство со Taiwan Semiconductor и Samsung. Во моментов, Tesla ги користи AI4 чиповите, додека AI5 се очекува во 2026 година, а AI6 до средината на 2028 година. Покрај тоа, Tesla и xAI би можеле постепено да се обединат – xAI, кој го развива моделот Grok, би можел наскоро да соработува со Tesla во нови AI иницијативи.
TESLA останува една од највредните компании во светот, додека инвеститорите очекуваат понатамошен раст. Еден од членовите на одборот ја опиша следната фаза како одржлив план и нова етапа на извонреден раст, иновации и создавање вредност, пишува Ројтерс. Акциите на Tesla пораснаа за околу 46 проценти во последните шест месеци, достигнувајќи највисоко ниво од крајот на 2024 година. Со Елон Маск цврсто на чело, акционерите и инвеститорите имаат вистинска причина за оптимизам за иднината на Tesla.