Развиена незапалива и шест пати поевтина батерија од литиум-јонската

Додека во светот потребата за енергија се зголемува, така се зголемува и побарувачката за економични начини за нејзино складирање. Денешните литиум-јонски бактерии сѐ уште се прилично скапи, а експертите од престижниот МИТ развија сосема нов тип на батерија, направена од материјали кои се широко достапни и евтини.

 

 

Електродите на новата батерија се направени од алуминиум и сулфур, со растопени соли како електролити.

Професорот, Доналд Садовеј од Технолошкиот институт во Масачусетс, во соработка со уште 15 колеги од целиот свет, успеал да создаде евтина алтернатива на денешните батерии.

„Сакав да измислам нешто многу подобро од литиум-јонските батерии за складирање енергија што би можело да се користи во автомобилската индустрија“, објаснува Садовеј.

Евтино, расположливо и незапаливо

Освен што се скапи, литиум-јонските батерии содржат запаливи електролити. Затоа Садовеј не бараше само евтини материјали, туку и такви кои не можат да се запалат.

Што се однесува до  замената на металите, комерцијално доминантното железо ги нема електрохемиските својства за ефикасна батерија, но вториот најзастапен метал, алуминиумот, ги има.

Потоа започнал да бара нешто како пар на алуминиумот како материјал за втората електрода. Најевтин од сите неметали е сулфурот (сумпор), кој го има во изобилство.

 

Алуминиум, сулфур и соли

Како електролити користел растопени соли, кои имаат релативно ниска точка на топење.

Сите три главни состојки се исклучително евтини и лесно достапни. Алуминиум, истиот што се користи за правење фолија, сулфурот кој често е нуспроизвод од преработката на нафта и широко распространетите соли.

„Состојките се евтини, а батеријата е безбедна - не може да изгори“, вели Садовеј.

Во експериментите, ќелиите на батериите издржаа стотици циклуси на полнење со екстремно интензивни стапки. Уште поважно, батеријата е шест пати поевтина од литиум-јонските.

Тие исто така открија дека стапката на полнење зависи од работната температура. На 110 степени Целзиусови се полнеше 25 пати побрзо отколку на 25 степени.