Рекордна вредност на аквизиции во Централна и Источна Европа
Вредноста на спојувањата и преземањата во регионот на Централна и Источна Европа е највисока во последните пет години, а инвеститорите повеќе не се загрижени за пандемијата, инфлацијата или нестабилниот енергетски пазар, покажува најновото истражување на консултантската компанија Мазарс.
Рекордна вредност на аквизиции во Централна и Источна Европа
Публикацијата покажува зголемување на бројот и вредноста на реализираните трансакции во регионот на 889 во 2021 година, што е зголемување за 32 отсто во однос на претходната година.
Вкупната вредност на реализираните трансакции исто е поголема со вредност од 67,5 милијарди евра. Ова претставува зголемување од 41 отсто во однос на 2020 година и е највисока вкупна вредност на реализирани трансакции од 2016 година, пишува Poslovni.hr.
Лани 74 зделки во вредност од 4,4 милијарди евра
Главни ѕвезди на трансакциите во регионот Адриа, кој ја опфаќа Хрватска, се технолошките и ИТ компании, при што е значаен и трендот на консолидација на секторот за здравствени услуги, како и трансакциите во туристичкиот сектор.
„ M&A пазарот во делот на Адриа се движи во согласност со трендовите. Исто така, зголемен е бројот на трансакции поврзани со продажба на семејни компании, основани за време на транзицијата на земјите од регионот кон пазарни економии, во кои сегашните сопственици немаат наследник кој би можел да го продолжи семејниот бизнис. Очекувано е овој тренд да продолжи и следната година“, истакнува Андрија Гарофулиќ, партнер за финансиски консалтинг во Мазарс во Хрватска.
Во 2021 година, регионот Адриа склучи 74 зделки во вкупна вредност од 4,4 милијарди евра, што е 2,5 пати повеќе отколку во 2020 година. Реализирани се десет трансакции во вредност од над 100 милиони евра, а најголема трансакција е реализирана со купувањето на Словенска Нова кредитна банка Марибор од страна на ОТП банка за вкупно 900 милиони евра.
Кога станува збор за Хрватска, меѓу десетте најсилни трансакции во регионот кои вклучуваат и американски капитал се смета и продажбата на малопродажниот трговски синџир за опрема за домашни миленици на Pet Network International на A&M Capital за 260 милиони евра. Втора највредна трансакција во регионот со капитал од ОК беше продажбата на работата со замрзната храна на хрватската „Фортенова“ на компанијата „Номад фудс лимитед“ за 615 милиони евра.

Во целиот регион, првите четири земји по бројот на реализирани спојувања и превземања во 2021 година беа Полска (со вкупно 192 трансакции), потоа Русија (146), Австрија (119) и Чешка (86). Во однос на вкупната вредност на трансакциите, Русија е на прво место со објавени трансакции во вкупен износ од 20,4 милијарди евра, што е за 15 отсто повеќе од 2020 година.
Второто, третото и четвртото место ги освоија Австрија, Полска и Чешка.
Атрактивност за странците
Извештајот покажува дека регионот останува атрактивна дестинација за меѓународните инвеститори. Забележан е значителен пораст и на обемот и на вредноста на прекуграничните M&A трансакции, при што вредноста на објавените влезни трансакции (вклучувајќи ја Русија) скокна за 36 отсто и достигнаа 32,5 милијарди евра.
Во анализата се истакнува и активноста на приватните инвестициски фондови. Охрабрени од рекордните финансиски средства достапни и на домашниот и на меѓународниот пазар, вкупната вредност на вложувањата на приватните инвестиции скокна за 63 отсто на вкупно 10,4 милијарди евра, достигнувајќи го највисокото ниво од 2015 година. Бројот на трансакции нагло се зголеми, за цели 46 отсто, за 130 трансакции во 2021 година наместо 70 во претходната година.