Во економијата постои едено универзално, многу точно правило што го нагласуваат дури и нобеловците, а тоа е закономерноста: „ручекот мора да се плати“! Во пазарната економија тоа правило е сурово и универзално, тие што го заобиколуваа во времето на непазарната економија, пропаднаа. Оваа закономерност важи и буквално кога се работи за еден ручек и се наметнува прашањето кој ќе го плати предвелигденскиот ручек. Кој си го зеде тоа право да јаде без да плати, не станува збор за парите, пари и така немаме, станува збор за моралот во исклучително лоша економска, социјална и политичка ситуација.

Иако во Европа има разни модели на организција по повод големите верски празници, речиси секаде главен организатор е црквата, а државните претставници се гости. Во западните земји тоа е сосем одвоено и нема државни велигденски ручеци, во Франција строга секуларност (laïcité), политичарите приватно си го одбележуваат празникот.

Кај нас е мешан „модел“, како и се што е мешано и матно, „као какао“. Наместо црквата, овој ручек досега обично го органзираше претседателот на државата, со што некао се оправдуваше, како претседател на сите граѓани, но оваа година тоа го презеде премиерот, лидер на владејаката партиија и коалиција и со тоа ручекот дефинитивно ја доби бојата на власта.

На покана на премиерот, претставници на власта, црковните великодостојници, бизнисмени и новинари се собраа на ручек во хотел „Хилтон“ во Скопје, по повод христијанскиот празник Велигден. Недостасуваа само тие што го платија ручекот, а тоа се тие што во исто време трчаа да најдат барем нешто „по стара цена“ за да го прослават Воскресението Христово, односно да ја слават скромноста и умереноста на Синот Божји, нашиот верски и морален идол - Исус Христос. Ним им „течеа лиги“, а и гневот ги навјаса и прашањето - кои се овие и со што заслужија да јадат на наша сметка? Должни сме 15 милијарди евра, буџетскиот дефицит за оваа година е „изеден“ во првите 3 месеци, од државниот буџет лани речиси 700 милиони евра биле префлени на сметката на Фондот за да можат да се исплатат пензиите, до 2055 година секој трет македоснки граѓанин ќе биде пензионер. Од каде дрскоста овој ручек да се јаде пред очите на родителите на загинатите деца во Кочани кои се’ уште не ја знаат вистината и виновниците за трагедијата, само го следат процесот на селективно обвинетите. Дали е ова триумф на дрскоста и нечувствителноста?

Никој нема да даде одговор на овие прашања, ним им е важна трпезата.

„Скромната“ црква ја застапуваше нејзиниот поглавар, но не како домаќин, туку како гостин, на софрата на која не е важно дали храната била „посна“ или „мрсна“, важно беше обилна. Веднаш пред верниците се создава слика на лакомоста на мрсните попови кои за 5-6 реченци на погребите наплаќаат по 50 до 100 евра, со добро смислената „утеха“ - „ако имате“, па која гордост може да се понижи и да рече – „немаме“?!

На софрата значаен простор им беше отстапен на медиумите, а секое седнување на маса со власта на нејзин терен предизвикува посебен интерес. Дали власта ги има покането за да ги придобие, или затоа што од претходно е блиска со нив? Интересно прашање! Кој ѓавол ги тераше да каснат од погачата на искушението од раката на власта. Затоа власта е комотна затоа што новинарите и јадат од рука, како кученцата кога се гладни и кога ќе ги навабиш, доаѓаат радосни со мрдање на опавчето и ти јадат од рака, лижејќи ти ја дланката. Таквите медиумии се изложуваат на „опасноста“ да добијат одговор од младите на кои им е пукнат филмот, во стилот на белградската студентка: „Што те боли ку’от“? Кога власта ја боли „таквоото“ за тоа што велат медиумите, тогаш нема резон ни за нивното постоење. Затоа новинарството веќе никого не го интересира. Тогаш, која е таа потреба да се биде пред очите на власта, дали некој мисли дека најглавниот ќе ги погледне, односно ќе им намигне, како што Обама му намигна на Хорхета на молитвениот појадок во Вашингтон, по што Хорхе беше радосен многу, па кога раскажуваше пелтечеше. Но, разликата меѓу Обама и погледот на најглавниот е во тоа што нашиов воопшто не ги погледнува, тој нив ги третира како талог. Овие пак, го ловат неговиот поглед со надеж дека ќе им се сретант погледите, со што се надеваат дека тој поглед ќе му се вреже во неговата меморија, па ќе ги има предвид за некоја награда за животно дело, или преку новинарските здруженија ќе лобира на конкурските за членови на советот на МРТВ, на пример.

Всушност, никого не го допира новинарската критика, ниту нивната кавага по некои таканаречени „поткасти“, нивното пењавење и занесеност дека нешто значат во полтиката на лидерите на Република Северан Македонија.

Самата новинарска критика крахира пред медиумскиот популизам што како модел се инсталира со финасирање на медиумите во претходните периоди.

Тоа, МРТВ не им е важна, ни на едните ни на другите, не пак некакви нискобуџетни медиуми, од чие постоење имаат ќар само нивните газди, блиски до политиката, чија идеологја е КДВ (каде дува ветерот).  

Наместо да прашаат или откријат од која ставка на буџетот, во кој недостигаат огромна сума пари (дефицит), се одвоени пари за оваа гозба, тие седнаа со тие што требаше да ги прашаат, кога ќе седнеш - веќе нема прашување. Задолжителната и принципиелна транспарентност на власта се претвора во легитимирање на нетранспарентноста.

Ајде да се работи за некоја манифестација за одбележување на некој голем државен празник, како на пример за 8 Септември, разбирливо е да се поканат и верските великодостојници, ама на религиозен празник секуларната држава да го плаќа ручекот на тие што треба да бидат домаќини, е единствен приемер во вселенава, ако не верувате, прашајте ги астронаутите од „Артемис 2“ кои ноќта меѓу велики петок и велика сабота се вратија од вселенските пространства.

За разлика од претходната практика кога домаќин често беше претседателот, имаше некаква проѕирна логика,  бидејќи претседателот се смета божем за надпартиска фигура, па треба да биде симбол на единство, настанот имаше повеќе обединувачки и церемонијален карактер, но пари и тогаш се трошеа.

Оваа година претседателката беше гостинка. Владата сака да покаже активна улога во сите сфери, па и во религијата, лидерство во обединувањето, доминација на нејзината политика, па и над религијата и тн. сакајќи да се претстави како двигател и обединител, иако формално тоа не е нејзина традиционална улога, па може да се протолкува како поместување на симболичната улога на претседателката.  

Овој случај покажува дека владата ја користи секоја прилика, се разбира сето тоа чини пари, да доминира преку симболи, преку масовни собири, зашто сите се свесни дека и свечени настани имаат политичка тежина.

Смислата на животот е работата, а не задоволствата, хедонизмот, така не учи Исус Христос, кого ние го спомнуваме попатно, кога сакаме да го покриеме нашето лицемерие, како фарисеите.

Бре, да не се водел осметка за ситуацијата, да се немало малку сочувсто за сите што страдаат пред Велигден, за тие што одат в црква, вистинските верници кои се молат за да преживеат. Верата и политиката се измешаа - ниту едните ниту другите на ги знаат светите тајни на спротивната религија, симбиоза за повраќање, важно е да се лаже гладнит народ.

Затоа предлагам министерството за финансии да објави една сметка, па нека си плати секој за тоа што го изел, зашто во екномијата и во домаќинството – ручекот мора некој да го плати.