На свои штандови, на годишениот Саем за студирање во странство, својата програма ќе ја презентираат 20 универзитети од 12 различни земји, меѓу кои и Италија, Романија, Литванија. Додека на штандот на организаторот ЕАЦ Скопје, заинтересираните студенти можат да добијат информации и за дополнително 100 универзитети од Австралија, цела Европа и Азија.  

Сепак, за македонските студенти да добијат повеќе информации, потребно е да се пријават за учество. Влезницата се добива на два начини. Едната е преку пополнување на пријава на самиот влез каде заинтересираните ученици оставаат свои лични податоци и добиваат идентификациски број. Вториот начин, пак, е преку интернет и електронска форма на регистрација преку која автоматски добиваат уникатен број. Преку тој број, подоцна можат и да комуницираат со универзитетите за секакви дополнителни информации. 

Како што вели Јелена Димовска, која е дел од организацијата на овој настан, од година во година се зголемува интересот на студентите. Од друга страна, и на странските универзитети им е интересно да имаат македонски студенти, бидејќи како што вели, имаат стекнато солидно образование дома. На тој начин, се поклопуваат интересите и на студентите и на универзитетите. 

„Студентите да добијат добро образование, универзитетите да добијат добри студенти. Изминатите години најатрактивни за македонските студенти беа медицината и компјутерските наука, но, не може да генерализираме. Интересно е што уиниверзитетите и новите партнери кои доаѓаат нудат нови програми, интердисциплинарни програми, за климатски промени, медиуми. Најдобро е заинтересираните сами да дојдат и да видат. За секој штанд има информации за кој универзитет станува збор и програмите кои ги нудат. Тука сме сите од ЕАЦ да ги упатиме каде сакаат да студираат“, вели Димовска од ЕАЦ Скопје која има 20 годино искуство вообразование и помагање на студентите да заминат во странство. 

Секој студент да добие навремени информации кои се условите и каде се може да студира. Статистиките говорат дека годишно околу 100 студенти заминуваат во странство, што само по себе покажува дека интересот е голем. 

„Крајниот резултат се задоволни професионалци. Дел од своето искуство го враќаат и носат тука. Ова е единствена манифестација која ја има во државата, а можеби и во регионот. Има уникатна можност лично да се разговара, луѓето кои сакат да студираат, прво нешто е кои информации им се потребни. Тука добиваат се лично. Да се добие одлично образование е желба на секој многумина од студентите сакаат и поинакво искуство да студираат во друга земја и студии кои ги нема кај нас. Целта е да се спојат студентите, линк меѓу студентите и универзитетот кој сакаат да студираат. Да им се презентира уникатна можност со претставници на универизтеит е лично да разговараат. Од условите за упис, кои документи се потребни кои прогграми гу нудат, сместување дали е обезбедено, ги добиваат лично од универзитетите кои се појавуваат на саемот. Да ги добијат информациите од прва рака. Не е едноставна одлучка што да се студира. Ретко кој од младите луѓе има зацртано што ќе студира, најчесто тоа е двоумење помеѓу две работи. Разговорот со претставниците во образвониот систем може да ги насочат. Затоа овие разговори се полезни за студентите, бидејќи можат да добијат одлични насоки“, вели Димовска.  

Студирањето од дома е предизвик за младите, кои со заминувањето од дома да студираат надвор се препуштени буквално сами на себе. Тоа е животно искуство, преку кое стекнуваат врвно и конкуретско образование, учат нови култури и нов начин на размислување. Организаторот очекува голем интерес од студентите и професионалците на Саемот, каде покрај додипломски, има и одлични програми за магистерски студии. Голем дел од универзитетите нудат и ступендии, некои парцијални, а некои и целосни. Речиси половина милион евра изнесува сумата која овие образовни инстутиции ја даваат како поддршка на идните студенти за нивните универзитети.