Иако резултатите се далеку од идеални, сепак, статистичките бројки покажуваат дека туризмот во Македонија се движи напред. Индикаторите покажуваат дека туризмот полека се враќа на референтната предпандемиска 2019-та година. Досегашните бројки покажуваат дека до крајот на годината постојат оптимистички прогнози дека може да се надмине. Но, и покрај резултатите, државата има уште многу што да работи во оваа сфера, смета Мијалче Георгиевски, професор на Универзитетот во Скопје.
„Факт е дека туризмот во пандемијата беше најпогодена гранка. 2021 година започна, во 2022 година се врати на 80 насто од тоа што беше. Ние се упте се трудиме да ја стигнеме 1989 година како најдобра. Тоа е многу далеку. Ние во 2023 година се уште имаме помалку туристички капацитети. Тоа што го имаме, треба да го направиме достапно. Инфратстуктура, добра приказна, настани, храна и може да достигнеме и милијарда евра приходи. Туризмот апсорбира 5 насто од вработените во земјава. Тоа се 35.000 вработени на годишно ниво. Туризмот во буџетот учествува со 4 насто во БДП. Во европските земји кои вложуваат во турзимот изнесува високи 10 насто од БДП“, вели Георгиевски.
Тој информира дека државата подготвува Национална стратегија за туризмот. Досега, имале подготвителен состанок во Министерството за економија, во чии рамки треба да се формира работна група. Се надева дека стратегијата ќе опфаќа она што Македонија може најдобро да го понуди.

„Прв пат за 20-тина години, некој се сети дека во развој на стратегијата за туризмот треба да бидат вклучени домашните универзитети и експерти. Не може странците да ни даваат предлози кога навиките се наши. Не можеме да ја пресликаме Словенија, природните услови не се исти. Може да преземеме практики и искуства, но, треба да бидат применливи за наше тло“, е ставот на Георгиевски.
Интерес за студирање туризам
Мијалче Георгиевски е професор на Универзитетот во Скопје, порано познат како Универзитет за туризам. Вели дека приоритетите и заинтересираноста на студентите за насоките се менува од година во година. Во последните години интересот за туризмот паднал поради пандемијата. Него го замениле информатичките науки, економијата, а замав земале и човечките ресурси.
„Интересот на Факутетот за туризам е генерално ист и покрај тоа што имаме се помалку млади во државата. Новите генерации кои студираат туризам имаат многу повеќе информации од постарите генерации, даваат предлози, многу повеќе се прошетани, светот е отворен. Ако ги платиме добро младите нема да одат надвор зошто некој би замилал за мала разлика во плата? За жал многу отидоа надвор“, вели Георгиевски.
Неодамна, Универзитетот за туризам и менаџмент кој се формираше во 2006 година се ребрендираше во Универзитет Скопје. Под старото име, се уште е познат во посвеста на луѓето.
Универзитетот неодамна го одбележи и Светскиот ден на туризмот, 27 сепмтеври, кој се одбележува од далечната 1980 година. Универзитетот Скопје е членка на светската туристичка организација повеќе од 10 години, заедно со уште 175 држави од светот.