Сите очи и надежи се насочени во очекување на веста - дали ќе ни се олесни во блиска иднина во борбата со цените, односно дали ќе можеме барем малку да здивнеме од ценовните шокови што ги доживуваме од почетокот на пандемијата со Ковид 19 (2020) до сега. Некои цени се намалија, но незначително, а потрошувачите ја изгубија надежта дека тие ќе се вратат на нивото од пред пандемијата и дека на нивната плата или пензија ќе и’ се  врати вредноста.  

Цените на македонксиот пазар на прехранбени производи се двојно повисоки од светските цени на храната, споредени со пред ковид кризата.

Народната банка деновивие излезе со проекција дека годинава ќе има пад на цените, а догодина нивно стабилизирање.

Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска пред неколку дена  рече дека цените на храната се’ уште не се вратени на претпандемиското нииво и тие се повисоки околу 17–18 %. Ако овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, можеме да констатираме дека тие не се целосно синхронизирани. Кај нас растот на цените почна подоцна од растот на светските цени на храната, но се’ уште не гледаме позначителни прилагодувања кај цените на храната.   

Сепак, проекциите на народната банка не ни даваат простор за радост, бидејќи НБРМ предвидувањето на стапката на раст на домашната економија го намали. Проценките беа дека годинава ќе ја завршиме со раст од 3 проценти.   Народната банка ја ревидира оваа проекција на 2,6 проценти за оваа, и 3,6 насто за идната година, што значи  дека не можеме да се пофалиме и да се надеваме дека ќе почувстуваме некакво олеснување во нашите животи. Особено што тие стапки не се чувстуваат веднаш, а можат лесно да се урант, ако пак некој економски глобален параметар се разниша, со оглед на невралгичата политичка ситуација во повеќе делови од светот.   

Инфлација:

НБР проектира дека инфлацијата годинава ќе забави на 3,5 проценти, што е значаен пад по ланските 9,4 отсто. Но, гувернерката намалувањето го гледа од аспект на монетарната политика, а не во порастот на некаков индустриски залет и зголемена понуда на пазарот. И самата Централна банка во последното соопштение вели дека инфлацијата се намали од 19,8% на 4%, како резулат на монетарното затегнување. Монетарното затегнување секогаш значи и намалени инвестиции, големи и мали, а тоа значи намален полет на сите економски активности.

БДП

Затоа е пониска и проекцијата за растот на бруто домашниот производ, што се должи на слабиот раст на ланските инвестиции, кои паднаа за речиси 17 отсто. Јавниот долг достигна 62% од БДП, што за вакви слаби економии како нашата е веќе алармантен процент. Мора да се ревидира буџетската потрошувачка, зашто и буџетскиот дефицит од 3 % од БДП за нас е висок и кој знае дали е толку потребен; се уште нема никакви зафати за намалување на огромната админстрација, луксузирање  со државниот имот и возилата. Апстиненцијата од такви зафати ја чинеше минатата власт губење на избоите, но новата сигурно дека нема да ја фати метлата, а не смее и да ги разочара гласачите од кои најголем дел ги чекаат местата што ќе се ослободат од кадрите поставни од минатата власт. Да се води држава е многу тешко.    

Експертите веќе и’ упатија порака на новата власт дека мора да прикаже подобри реални економски бројки. Неопходни се реформи во здравството, образованието, деловното опкружување, инстутуциите и владеење на правото, поголема транспарентност во трошењето на парите и реализација на капиталните проекти што ќе го предводат растот. Се додека 90% од буџетот оди за плати, пензии и социјалните трансфери, НЕМА ДА ИМА РАСТ. Бројките од 2-3% се незнчителни кога се зборува за раст на економијата, или во превод – за стандардот на граѓаните, со вакви проценти на раст умира надежта дека во догледно време ќе живееме покомотно со нашите плати и пензии. Трагедијата е во тоа што последниве децении не се памети повисока стапка на раст, а тоа го потврдува статусот на земјава која, според сите ранг листи, е најсиромашна во Европа.

Да не се компаниите од слободните економски зони, македонската економија ќе има уште помали проценти на расрт. Но, тоа се странски инвестиции, се разбира добредојдени, но сепак, домашните инвестиции се слаби, што покажува дека има многу мал број фирми што инвестираат и чии инвестиции го билдаат растот, тоа е незначителен процент.     

Компаниите во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во април годинава оствариле извоз од 300 милиони евра што е за осум проценти повеќе во однос на истиот месец од лани и 21 процент повеќе во однос на април 2022 година. Во првите четири месеци од годинава извозот од зоните изнесува над милијарда и 120 милиони евра. Тоа, освен доследната монетарна политика, е факторот на оддржливоста на курсот на денарот. Тоа се фирмите што вработуваат. Да молиме бога тие компании да не си најдат друг подобар терен и да го  преселат производството.

Во последниве седум години само во ТИРЗ се отворени  околу 12.000 нови работни места споредено со речиси 6.300 до 2016 година. Просечната бруто плата, заклучно со март, надмина 1100 евра, се вели во соопштението од ТИРЗ.

Сепак, влијание за ова имаат и лошите економски резултати на земјите, главни трговски партнери на Македонија.

Србија

Ако ги споредиме бројките со еден од нашите главни трговски партнери, Србија, ќе видиме дека нашиот северен сосоед покажа значителна отпорност на истите екстерни шокови што ја погодија земјата како и нашава. Дури, Народната банка на Србија (НБС) оцени дека економскиот раст во  Србија е значително забрзан во втората половина на ланската година. За тоа придонес имаат високите приливи по основа на странските директни инвестиции и забавувањето на инфлацијата, што е добро и за нас.

За ова година НБС проектира раст на бруто домашниот  производа од 3,5 одсто, а потоа и враќање на претпандемиските стапки на раст.

Благодарение на тој зголемен раст на извозот и на помалиот увоз на енергенси во 2023. година, дефицитот на тековната сметка на платниот платниот биланс е намален на историјски најниско ниво од 2,6 % од  бруто домашниот производ.

НБС предвидува инфлацијата кон средината на оваа година да се врати во границите од 3 плус, минус 1,5 насто.

За една економија најважен е извозот. На тоа поле, Србија може да се пофали дека во 2023. девизните резерви се зголемени за речиси 30 насто, извозот е зголемен за 8% наспроти помалата екстерна побарувачка, а динарското штедење е зголемано за дури 43 проценти.

Курсот на динарот во однос на еврото е речеси непроменет. (среден курс: 117 динари за 1 евро, на 15.05.2024 г.)

Србија е еден од нашите најголеми трговски партнери, со слична економија, која веќе не остава и сме се’ помали на најзиниот ретровизор, поради големите инстрански инвестиции и капитални зафати на кои Mакедонија никако да им ја фати тактиката на инвестирање. Кинескиот простор е голем, но теба да се внимава на условите и на скриените клаузули во договорите. Да не испадне после - пола за Шарца пола за Милета.