На седмата регионална конференција за е-трговија, насловена "E-commerce: Untangling Potential," со 20+ говорници од водечки светски и регионални компании како OpenAI, Klarna, ZEOS by Zalando, Visa, и многу други, ќе истражуваме каде потенцијалот на е-трговијата е веќе отплеткан и кои сегменти сè уште нудат можности за значителен напредок.

 

Од new kids on the block во маркетинг и логистика, па сè до финтек и прекугранична е-трговија, оваа година низ агендата ќе се опфатат 4 клучни теми со една цел - отплеткување на потенцијалот на е-трговијата

Настанот ќе се одржи на 12 ноември во Скопје. За трета година по ред, конференцијата го задржува својот регионален карактер и привлекува учесници од повеќе од 10 држави од регионот и светот. А, организаторите велат: -Знаеме дека е-трговијата е клучна индустрија која придонесува за раст и на локалните, и на глобалните компании. Нејзиниот потенцијал почна да се отплеткува, но сè уште има многу простор за раст.

Домашни и меѓународни експерти на едно место

Во своето најголемо и тематски најисполнето издание до сега, конференцијата за е-трговија ќе ги обедини најистакнатите домашни и меѓународни експерти во областа. Говорниците преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори ќе покажат во кои аспекти од е-трговијата е постигнат потенцијалот, и каде сè уште има простор за развој за да може да се искористи во целост. Темите ќе опфатат испорака и логистика, нови можности за е-плаќање, маркетинг за е-трговија со користење на податоци и вештачка интелигенција, како и прекуграничен и меѓународен раст на бизнисите со е-трговија. Покрај тоа, конференцијата ќе биде одлично место за вмрежување и споделување искуства, поддржано од иновативниот саемски концепт, кој дополнително ги зголемува можностите за интеракција и размена на знаење.

Селесте Фејзо од OpenAI, водечката истражувачка компанија фокусирана на создавање безбедни и корисни AI системи, ќе одржи презентација на конференцијата. Како AI Data Trainer, Селесте ќе сподели свои искуства во развојот на сигурни и ефективни AI технологии, кои ќе ја обликуваат иднината на е-трговијата.

Бобан Љубиноски од Klarna, шведската финтек компанија позната по моделот Купи сега, плати подоцна (Buy Now, Pay Later – BNPL), е глобален лидер во онлајн плаќањата. Бобан ќе зборува за иновативните и флексибилни платежни методи кои им помагаат на модерните е-купувачи, што придонесува за зголемување на посетите кон е-продавниците и на лојалноста на купувачите.

Дополнително, Бојан Доленц од ZEOS by Zalando, експерт за логистички иновации, ќе говори за оптимизацијата на логистичките процеси кои го прават Zalando еден од лидерите во е-трговијата. Бојан со своето 7-годишно искуство ќе сподели како ZEOS ја подобрува логистиката и ги намалува трошоците за големите интернационални брендови.

Преглед на е-трговија во Западен Балкан 

Во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе бидат споделени податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2024 година, која по прв пат се однесува на целиот Западен Балкан. Конференцијата ќе се фокусира и на користењето на податоците, маркетингот и вештачката интелигенција како потпора за успешен бизнис со е-трговија, како и на потребата од беспрекорно искуство со интернет плаќањата и меѓуграничната достава.

Конференцијата по трет пат ќе биде домаќин на регионална публика и се очекува да присуствуваат околу 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија и Хрватска, што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето седмо издание.

Конференцијата е поддржана од организацискиот партнер GIZ, платинум партнерот Visa, дигиталниот партнер А1 Македонија, како и златните партнери – Ананас, CaSys и НЛБ Банка и сребрените партнери – Халк Банка, Корпа, Филип Морис Интернационал, Комерцијална Банка, ИУТЕ и Сава Пензиско.

Повеќе информации поврзани со агендата и сите останати детали за конференцијата, вклучувајќи ги и картите кои се пуштени во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/