Седум иновативни проекти во борба против климатски промени добиваат поддршка во рамките на јавниот повик за справување со климатски промени 02-2. Јавниот повик Фондот за иновации и технолошки развој го реализира во соработка со Програмата за развој на ОН, УНДП, Министерството за надворешни работи на државата Израел, Министерство за животна средина и просторно планирање на Македонија, како и две партнер организации, Кајама центарот за одржлив дизајн од Израел и организацијата Македонија 2025.
Бенк оф трис
Избраните компании нудат различни иновативни решенија за справување со глобалниот проблем со климатските промени и имаат за цел намалување на негативните последици по јавното здравје.
Прворангираниот проект Бенк оф трис (Bank of trees) е иновативен начин за штедење и инвестирање на средства преку креирање на првата банка базирана на дрвја.
“Проектот Bank of trees е иновативен начин за штедење/инвестирање на средства преку креирање на првата банка базирана на дрвја. За таа цел ќе се подигнат приватни плантажи од брзорастечките дрвја кои произведуваат за четири пати повеќе дрвна маса од нормалните дрвја во еден циклус од девет години. Со еден хектар брзорастечки дрвја се зачувуваат 4 хектари 20 годишна стара природна шума.
Целта е придонес кон зголемена природна абсорбција на јаглерод диоксид од атмосферата, додека во исто време се генерира профит за нејзините корисници.
Банката ќе функционира на принцип, корисникот го отвара својот депозит со купување на дрвја во банката, Bank of tress се грижат за дрвјата за предефиниран надомест. По продажбата на дрвјата Bank of trees го враќа штедниот влог на корисникот со пресметана камата (каматните стапки се повисоки од стандардните депозити).
Bank of trees ќе нуди повеќе начини на штедење: Класично штедење – со однапред уплаќање на целата сумата за оддржување за рок од девет години – овој депозит генерира поголема добивка по завршувањето штедењето и постепено месечно штедење – зголемување на штедниот влог на месечно ниво.
Банк оф треес ДООЕЛ претставува социјално претпријатие чија мисија е намалување на стакленичките гасови и подобрување на животната средина со пошумување. Средствата за пошумувањата се обезбедени на иновативни начини. Тие веќе успешно го спроведуваат проектот Treebanks.com со кој за секое резервирано патување, купена маичка или сет лампиони, садат дрво.
Иновативни и другите шест проекти
Останатите проекти предвидуваат и напредно истражување и развој на нов вид храна во сточарството што, како процес, се смета за еден од најголемите загадувачи.
Потоа, изградба на првата концентрациона соларна електрана во Македонија, развој на нов производ – биоќумур и негова употреба во земјоделството.
Нов систем за култивација на мов и производство на внатрешни и надворешни панели за природно прочистување на воздухот. Потоа, преработката на опасен отпад, отпадни лушпи од јајца во додатоци во исхрана за хумана употреба, како и соларен греач и прочистувач на воздух.
За финансирање проекти за овој повик беше издвоен износ од 5.000.000 (пет милиони) денари. Вкупниот обем на инвестици во оваа фаза е 3.700.000 денари, како и 750.000 денари учество на самите апликанти. По заклучок на Комисијата, составена од сите партнери на повикот, уште за три компани, кои добија препорака од Комисијата, е отворена можност за кофинансирање доколу се обезбедат дополнителни средства.
Студиско патување
Дополнително, во рамки на прогрмата “Start-up Nation & Mentorship” пет компании ќе одат на студиско патување во Израел. Тоа вклучува можност за средба и размена на искуства со водечки компании, акцелератори и хабови во областа на високата технологија и одржливост. Патувањето како специјална награда го обезбедува: Кајама центарот за одржлив дизајн од Израел и Министерството за надворешни работи на Израел.
Македонија 2025 за три од избраните компани обесбедува екстензивно парнерство, менторирање, консултации или друг тип на услуга за време на имплементацијата на проектот.
Проектите се оценуваа според пет критериуми:
- – влијание на животната средина и справување со климатски промени
- -степен на иновативност
- -квалитет на предлог-проект
- -капацитет на проектниот тим односно конзорциумот
- – потенцијал на пазарот
Заради пандемијата со КОВИД 19 и интересот да се обезбеди менторска поддршка за подготовка на апликациите, јавниот повик беше ре-објавен на 02 јуни, со траење до 20 јули 2020 година. Пристигнаа вкупно 39 апликации, од кои 28 продолжија во фазата на финална селекција. Ова е втор повик на ФИТР наменет за проекти наменети за заштита на животната средина.
ФИТР, во соработка со УНПД, Министерството за надворешни работи на државата Израел, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и две партнер организации Кајама центарот за одржлив дизајн од Израел и организацијата Македонија 2025 во наредниот период ќе организира и јавна презентација на најуспешните решенија.