„Семос Едукација“ креира остручени умови со светски признаени сертификати, со што нашата држава ја става на мапата меѓу оние држави во светот кои поседуваат значителен интелектуален капацитет. Нашите остручени професионалци остануваат „дома“, а извезуваат знаење насекаде во светот.“ Вака Бисерка Шемовска, Менаџер за развој на бизнис, a од неодамна и Продукт менаџер на официјалната CertNexus Академија за вештачка интелигенција-„Семос Едукација“, го опишува првиот и најголем тренинг центар во Македонија. Центар кој секојдневно учествува во создавање на високо квалификуван кадар во областа на ИТ и други дисциплини.

„Семос Едукација“ креира остручени умови со светски признаени сертификати

За тоа која е целта на Кариерниот центар на „Семос Едукација“, како ги препознава квалитетите кај слушателите и како го гради мостот којшто ги поврзува слушателите кои сакаат да направат промена во својата кариера и компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар, Шемовска, во интевју за Анторис магазин вели:

-Семос Едукација е едно семејство кое секојдневно мотивира и инспирира за напредок во секоја сфера на бизнисот. Посветено работиме секој слушател да го оствари својот сон, да учи од врвни професионалци, да се стекне со светски признаен сертификат што ќе му помогне успешно да се пробива во ИТ светот.“

Го извезуваат своето знаење за интернационалните пазари



  • „Семос Едукација“ покрај редовните курсеви често пати организира интересни едукативни проекти за ученици и млади невработени луѓе. На што се базираат идеите за вакви проекти за таргетирани групи и каков е интересот и посетеноста?


-Во своето 25 годишно постоење како општествено одговорна компанија „Семос Едукација“ работи и дава придонес кон голем број на проекти за помош на млади невработени лица. Придонесувајќи да се стекнат со светски признаени ИТ сертификати, ние всушност придонесуваме тие да останат да живеат дома, а да го извезуваат своето знаење за интернационалните пазари. Се стремиме да бидеме први и ги следиме најновите ИТ технологии. Се трудиме и да придонесеме во поглед на проблемот со кој што секојдневно се соочуваме, а тоа е масовното иселување. Имаме мисија да им ја вратиме надежта на нашите млади за подобри работни услови. Од друга страна, работодавците во нашата држава се соочуваат со проблем на недоволно добри entrance работници со слаби меки вештини и мотивација. Тука придонесуваме со креирање на квалитетни и професионални ИТ кадри со светски признати знаења.

  • Неодамна реализиравте проект за воведување на младите во вештачка интелигенција? За што конкретно станува збор?


-Се чувствувам многу пријатно кога зборувам за ова, ова ми е еден од најдрагите, првите проекти од кои што бев дел, откако имав чест да станам дел од тимот на „Семос Едукација“ под менторство на Валентина Тасева, CEO на „Семос Едукација“. Тоа беше проект што го работевме заедно со Фондот за иновации и технолошки развој. Целта беше едукација на младите што значи всушност вештачката интелигенција и како да ја искористат во секојдневното живеење и работење.

„Семос Едукација“ креира остручени умови

Едуциравме повеќе од 1700 млади луѓе кои присуствуваа на обуките CertNexus AIBiz и Microsoft Azure AI Fundamentals AI-900 како дел од проектот и комплетно бесплатно се стекнаа со светски признаени сертификати. Практично 121 слушатели го положија овој испит и се стекнаа со светски признаен сертификат Microsoft Azure AI Fundamentals AI-900. Сертификат што им овозможи  да станат дел од светскиот ИТ пазар.

Едуцираме што значи вештачката интелигенција



  • Каков беше одзивот за проектот, колку траеше и со што всушност се запознаа учесниците на обуката? 


-Целта ни беше 1000 млади луѓе да се едуцираат што значи вештачката интелигенција, но само 1200 пријавени имавме во првата сесија, во мај. Поради огромната заинтересираност организиравме и втора сесија во јуни на која што имавме дополнителни 500 пријавени слушатели. Ме радува фактот што младите се во тек со светските трендови и што вложуваат сè повеќе време во едукација. На тој начин со овие млади инспирирани луѓе не се сомневам дека се движиме напред како општество.

 


  • Некои карактеристики за програмата за AI, врз основа на што е креирана, каде се спроведува и применува?


-Станува збор за програма внимателно развиена од искусните CertNexus провајдери и сериозен едукативен склоп на избрани модули. Така што на крај слушателите на академијата се стекнуваат со светски признаениот сертификат: CertNexus Artificial Intelligence Practitioner.

Исто така испитите CertNexus AIBiz и Microsoft Azure AI Fundamentals AI-900 претставуваат дел од  официјалната CertNexus Академија за вештачка интелигенција.

Моментално, кога станува збор за академијата, со полна група слушатели, го разработуваме првиот тековен модул. Односно се запознаваме со програмскиот јазик Python кој што понатаму ќе ни помага и ќе ни биде основа за изучување на модулите кои претстојат.

Следните уписи се во март, 2022 г.!


Домашниот пазар - приоритет



  • Каков степен на оценување применивте за совладувањето на материјалот. И дали посетителите имаат практична примана на наученото?


-Испитите се спроведоа онлајн, во неколку термини за полагање, според класичните насоки и пракса во однос на официјалните полагања на испити на Microsoft и CertNexus. До овој момент, имаме и практикант кој што се поврза со компанија во рамките на овој проект и наскоро ќе биде вработен во истата компанија.

  • Што понатаму, каде учесниците можат да го покажат и применат наученото? Дали им давате насоки за понатамошно надградување или ги насочувате во конкретни оддели за понатамошно изучување на проблематиката или нејзино практично користење?


-Во рамките на „Семос Едукација“ имаме кариерен центар кој што активно пружа поддршка на сите наши слушатели. Станува збор за целосен процес кој што е составен од: едукација, менторство, кариерно советување, па и вработување.

Домашниот пазар ни е приоритет во давање на насоки во поглед на кариерни совети, но ја истакнуваме и можноста за постојана „freelance“ работа на безбројните „freelance marketplace“ апликации. Нашите слушатели секогаш може да контактираат со кариерниот центар на Семос Едукација.


  • Што е следно. На каков проект работите ?


-„Семос Едукација“ ќе продолжи да ги следи најнапредните трендови во ИТ индустријата и да трасира целосна патека за развој на младите. Патека што вклучува, не само обуки и светски признаени сертификати, туку и насока за понатамошен кариерен развој. Креираме остручени умови со светски признаени сертификати и нашата држава ја ставаме на мапата меѓу оние држави во светот кои поседуваат значителен интелектуален капацитет. Нашите остручени професионалци остануваат „дома“, а извезуваат знаење насекаде во светот. Следете нè на социјалните мрежи, секогаш имаме знаење за споделување!

М.Балдазарска