Граѓаните што не го сфаќаат значењето на поимот и синонимот „шенген“ не ни чувствуаат колку се зголемува разликата меѓу Бугарија и Романија и Македонија во однос на економските перспективи на двете новопримени земји во шенген-зоната и нашата.
Земји за кои пред 30-40 години бевме „американци“, да не’ остават 30-40 години зад себе. Се разбира дека тоа го немаат постигнато сами и дека на нивниот пат кон „шенген“ немаше толку магла и одрони како што има на патот Македонија – Европа. Сепак, тие што сфаќаат и тие што не сфаќаат колку е важен ветрот во едрата, ги боли веста дека граѓаните на двете спомнати земји се сега на повисок цивилизациски пиедестал, дека тие достоинствено ќе ги минуваат границите на цел наш континент и никој веќе нема да ги прашува што ностат во багажникот, зошто одат и каде одат, едноставно тие се сега вистински Европјани.
Бугарија и Романија се членки на Европската унија од 2007 година. Сепак, бидејќи тие претходно не биле дел од безграничната област, патниците сè уште се обврзани да ги покажат своите пасоши при влез во која и да е земја од Унијата.
Патниците што пристигнуваат по воздушен или морски пат од други земји од шенген-зоната веќе нема да треба да ги покажуваат своите пасоши по пристигнувањето. Тоа значи дека патниците на летовите, крстарењата и траектите нема да бидат предмет на проверки, со што патувањето ќе биде многу полесно.
И двете земји, засега, нема да ги менуваат своите валути (лев и лек) во евро.
Шенгенската зона има популација од преко 400 милиони жители и површина од 4.368.693 km2. Околу 2 милиона секојдневно патуваат на работа преку европските, сега фактички непостоечките граници.
Секоја година се регистрираат 1,3 милијарди преминувања преку тие „граници“. Околу 57 милиони премини се транспорт на стока по патиштата во вредност од околу 3 милијарди евра секоја година. Откако е воведен „шенгенскиот закон“, трошоците за транспорт се намалени за околу 2% во зависност од географијата, од трговските партнери и од други фактори. Земјите што не се челнки на шенгенската зона исто така имаат корист од ова.
Македонија, сега, од познатите политички причини, е во лебдечка сосотјба, со оддржана една меѓувладина седница за почеток на преговорите, а втората не се знае кога ќе се оддржи и ќе го означи вистинскиот почеток. Сепак, Европската унија е наш најголем трговски партнер, особено Германија. А што е најважно, во размената со оваа земја имаме и трговски суфицит. Вкупната трговска размена со Германија се движи околу 3 милијарди евра.
Германскиот пазар останува најважен извозен терен на македонски суровини, полупроизводи и стоки за финална потрошувачка. Всушност, Германија конзумира 44 отсто од целиот македонски извоз. Раст на извозот бележиме во трговијата со Белгија, Грција, Турција и Италија.
Сепак, за Македонија шенген стаусот (патување без пасоши) е многу далечна и неизвесна иднина. Расположението на населението за влегување во европското друштво е многу намалено, работите многу бавно се движат, отпорот на некои деструктивни сили е огромен и сето тоа не ни дава надеж дека ќе го дочекаме денот на влегувањето во таа слободна зона, да патуваме без да чекаме на границите и да ја наведнуваме главата пред ниските отвори на шалтерите.
Единствено останува да се здружуваме на регионално ниво, а засега шансата е во иницијативата „Отворен Балкан“, или, како што ја нарекоа тие што ни ја препорачаа – „мал шенген“.
Оваа иницијатива значи оживување на сите регионални иницијативи што постоеја досега, почнувајќи од ЦЕФТА, преку Советот за регионална соработка - до Берлинскиот процес, а кои во основа имаа слободан протек на луѓе, стока, идеи и капитал. Затоа оваа иницијатива треба да се посматра исклучиво низ економска призма, а политичката придобивка може да се очекува во стабилизација на регионов, пред се’ преку зачестените контакти на лидерите, што влева релаксирачко чувсто во традиционално напнатите однси и амбиции за гоеми држави, токму на тие балкански соседи.
Регионот, како целина, економски заостанува зад развиените земји и тука лежат клучните причини што укажуваат на нужноста од покренување ваква иницијатива. Просечниот развој на инфраструктурата на Западниот Балкан е околу 50% понизок од просекот во ЕУ, а со овие стапки на инвестиции, на регионот му се потребни 33 години за да го достигне сагашното ниво на инфраструктурните објекати на ЕУ.
Уделот на извозот на земјите од Западниот Балкан во БДП е 28 проценти, додека истиот показател за Словачку е 88 насто, за Чешка 83 насто, за Словенија 81 насто, за Унгарија 81 насто и тн.
Земјите од Запдниот Балкан денеска се наоѓаат во втората фаза од индустриската револуција која се карактеризира со полуавтоматско производство, а современиот свет се наоѓа во четвртата фаза на индустријската револуција, која се потпира на примена на високите технологии. Учеството на високите технологии во извозот на земјите на Западниот Балкан се движи од 1,7 насто во Албанији, до 7,8 насто во Србија. Учеството на високите технологии во извозот на Чешка изнесува 20 насто, а во Словенија 19 насто.
Многу е илустртативен уште еден параметар што покажува дека Европската унија во истраживање и во развој вложува 618 евра по глава на жител, а земјите од Западниот Балкан - од шест евра во Албанија до 48 евра во Србија.
Да редиме податоци можеме до сабајле, сите тие укажуваат на нашата штета. Фалбите на сите досегашни раководни структури паѓаат во вода пред фактот дека полошо живееме отколку кога бевме во составот на Југославија. Тоа е факт! За се друго моеже да дискутираме. Но, не успеавме да фатиме чекор со европскиот стандар, напртив, одиме се подолу. Тоа најмногу се гледа и се чувстува во високите цени на основните прехранбени произовди, што се произведуваа во немерени количини, а денеска се увезуваат.
Сепак, шансата е пред нас, а богами малку фали и таа да ја испуштиме. Ламентациите дека ќе ја изгубиме сувереноста ако ги преземеме потребните мерки и зафати се лудило. Ниедна земја на ЕУ не ја изгуби својата независност, напротив, сите се гордеат со својата европска припадност, што значи припадност на една цела европска цивилазација, на која Македонија, на словенскиот свет, му ја има дадено писменоста. Затоа, не треба да стискаме на кочницата, туку на педалот за гас, зашто многу лесно може да се случи и на другите соседни земји, за кои исто така бевме „американци“, да им го видиме ауспухот.