За сите кои се љубители на техничките достигнувања и се почитувачи на делото и ликот на Никола Тесла – човекот кој ја осветли планетава – дилеми нема. Музејот на Никола Тесла во Белград е една од најзначајните адреси на српската престолнина. Нешто што мора да се види – да се доживее.

Таму се наоѓа целата архива на Никола Тесла, неговата документација, изуми и патенти, неговиот фрак, цилиндер, ракавици... Посмртните останки – урна, која остана како доказ за неговото постоење на земја.

Сепак – Повеќе нема сомнежи - Музејот на Никола Тесла од улицата „Крунска“ ќе биде преместен во зградата на Термоцентралата „Сила и светлина“ во населбата Дорќол. Ова одлучи српската Влада, доделувајќи му право на музејот на Тесла да користи бесплатно државен објект на улицата „Дунавски кеј“. Така, по долгогодишно лицитирање со локациите на кои треба да се биде наследството на научник со брилијантен ум, се стави крај.

Зградата на термоцентралата „Сила и светлина“ во целост ги задоволува потребите на музејот на Никола Тесла. Оваа исклучително важна културна институција, која ја чува најголемата колекција на документи од животот и делото на Никола Тесла, на тој начин ќе добие соодветен простор да продолжи со промовирање на ликот и делото на еден од најголемите умови на 20-от век.

Архитектот Андреј Мишиќ имаше визија да го смести музејот од улица „Крунска“ во „Сила и светлина“. Тој предвиде дека комплексот од 70.000 квадратни метри ќе го вклучува Музејот на институтот Никола Тесла како истражувачки центар со изложба, едукативни простори, парк со шеталиште и патеки за велосипеди. Своите идеи ги претвори во магистерски труд, кој го одбрани во 2015 година на италијанскиот универзитет Политехнико ди Милано. Истата година, неговиот проект беше претставен на музејот на Никола Тесла пред градските власти, а во 2017 година, тогашната Влада на Србија формираше работна група за реализација на Музејот на Тесла на Дорќол.

Термоцентралата „Сила и светлина“, бисер на индустриска архитектура на десниот брег на Дунав, е изградена помеѓу 1930 и 1932 година, според проектот на Швајцарското друштво за електрификација и сообраќај од Базел.

Објектот е прогласен за споменик на културата во 2013 година, што ги обврзува идните инвеститори да ја зачуваат неговата надворешност.

Колку е почитувано делото на српскиот научник, кој го просветли светот, покажуваат многубројни примери од целата планета.

„Политика“ од 10 јануари 2021 година ексклузивно објавуви дека Кулата Битерек е главната туристичка атракција на Нурсултан во Казахстан.

Кулата на Тесла во Белград сигурно би била најголемата туристичка атракција, особено во фазата на прикажување на огнените експериментите на Тесла. Америка му се одолжи на Никола Тесла. Таа повторно ги изгради кулата и лабораторијата на Тесла. Музејот и споменикот на Тесла се изградени на водопадите на Нијагара, и тоа е и логично и симболично место - во близина на првата централа во светот што произведува електрична енергија според принципите на Тесла.

Според многумина - Музејот на Тесла во Белград, во своето архитектонско решение, треба да биде поврзан со седиштето на Тесла на Нијагара, што може да се изведе на повеќе начини, а неговото дело да биде автентично претставено. Тесла беше рангиран меѓу петте најзначајни научници во светот, а единицата за магнетна индукција беше именувана Тесла (Т) по него. Покажувањето на оваа единица е едноставна - со четири билборди свртени кон четирите агли на светот, кои постојано би ги прикажувале ликот и делото на Никола Тесла, и во рамките на музејскиот комплекс.

Никола Тесла, човекот кој целиот свој живот му го посветил на подобар живот на човештвото, немал стан или куќа во Америка, туку живеел во неколку хотели. Хотелот „Њујоркер“ ја исполни желбата на Тесла да чува гулаб во собата, а собите 3227 и 3228 исто така беа местото каде што беше создавано делото на Никола Тесла. Тоа е доволна причина да се направи просторијата на Тесла во идниот музеј со оригинален мебел од изложбата од улицата „Крунска“, со восочна фигура на Никола Тесла и керамички фигури од гулаби – е еден од предлозите.

Посебна атракција во Америка беше влегувањето на Никола Тесла во хотелот „Валдорф Асторија“ меѓу елитата на американското општество. Тесла доминираше со својата висина од два метра, фрак, со цилиндер, стап и бели ракавици... И, секогаш кога имаше тишина или аплауз, посебно внимание искажуваа присутните дами.

Пред музејот, како што беше во Америка, треба да се постави споменик на Никола Тесла. Верувале, или не - во 37 земји во светот подигнати се споменици во чест на Никола Тесла, како израз на почит и благодарност за неговите дела што ќе траат, како што вели народот - „сè додека е светот и векот“.