„Simlty“ е замислена како платофмра за размена и продажба на играчки и е замислена да делува во сферата на циркуларната економија. Јован Иловски ја објаснува неговата бизнис идеја на начин што кога на некое дете ќе му здосади играчката што му ја купиле родителите, ќе може да ја замени со играчка од друго семејство, На тој начин, вели дека ќе се заштедат и време и пари. 

На светско ниво, 26.8 милиони играчки се фрлаат на депонија. Од друга страна, отпадот од играчки има негативно влијание врз животната средина и го зголемува бројот на токсични материјали. 

„Идејата е да направиме поврзување со семејствата. Платформата ќе функционира и на база на претплата доколку сакате да ви се најде брзо играчка. Нашиот бизнис модел нуди 3 верзии - поставување на оглас, платени модели - месечна претплата од 3 долари и годишна претплата од 22 долари. Може и вие да ги продавате играчките, а ние ќе задржиме 10 насто од продадена играчка. До крајот на 2023 година, би се очекувале околу 1 000 преземања, во услови кога платформата веќе ќе се лансира локално. Во 2024 година,  би се прошириле на социјалните мрежи и преземањата ќе се искачат на 5 000. До 2025 година, би станале мејнстрим апликација на нашите простори со околу 10 000 преземања“, се проекциите кои ги сподели Иловски за „Simpty“.  

Истражувањата кои ги направиле претходно покажуваат дека во 2022 година се родиле 18 000 деца на ниво на Македонија. Статистички, доколку се соберат податоците, тоа значи дека во Македонија има над 100 000 деца на возраст од 1 до 7 години. Со оглед на тоа дека пазарот постојано се шири, нивна цел е да покриеме што поголем процент од оваа возрасна граница. 

Она што нив ги одвојува од останатите слични платформи, како што вели Иловски е што конкуренцијата не нуди можност за донирање на играчки. 

„Во однос на дистрибуцијата, во првата година планираме да сме посредник меѓу двете страни, односно две потенцијални семејства. Кога ќе се етаблираме со тек на времето, планираме да вклучиме соработка за испраќање преку брза пошта, односно карго. Замислата е самите родители да имаат пристап до платформа и во име на нивните деца да ја разменат играчките. Во бизнис моделот ќе имаме и претплатници. Оние кои сакаат да ја разменат играчката, за следната играчка би имале попуст, Ако некој донира играчка за нас, ако му се допаѓа, тоа може да ја замени како дополнителна опција“, објаснува Иловски. 

„Simlty“ е еден од шесте стартапи кои низ четири месечна напорна работа успеа да ги донесат своите идеи на следното ниво. Тој е дел од програмата на „Од идеја до реален бизнис“ на на „Сеавус Акцелератор“, „Сеавус Едукативен центар“ и „Национален младински совет на Македонија“.