Се ближи почетокот на новата концертна сезона на Филхармонија, која симболично е насловена "Филхармонија во движење"...

- И оваа сезона ќе се обидеме духовно да ве придвижиме, да ви дадеме ветер во едра, да ве поттикнеме да си дадете оддишка и да уживате во возвишеноста на музиката. Повеќе од било кога ни е потребен свеж здив и слатко бегство од понекогаш монотоното и сиво секојдневие. Креиравме програма која ќе го задоволи вкусот и на најпребирливите, следуваат многу премиерни изведби на дела кои досега не прозвучеле кај нас. Почнуваме на 7 октомври со настап на маестралниот Симон Трпчески и со изведба на две ремек дела од Франц Лист... - откриваат од Филхармонија. Тоа се Пијано концерт бр. 2 и „Данте Симфонија.

За тој концерт од Романија ќе допатува Габриел Бебешелеа, а ќе настапи и хорот ПроАрс.

Еве што друго ја очекува публиката во новата концертна сезона.