Во организација на друштвото „Нетворкер“ од Скопје за време на викендот македонски презентери на идеи, стартапи и проекти го срушија Гинисовиот рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори.

Новоформираната Асоцијација за поддршка и развој на иновации и промоција на инвестиции во проекти со блокчејн технологии „КОН МЕСЕЧИНАТА” Скопје го поддржа настанот со својот прв стартап проект базиран на блокчејн технологија наменет за модната индустрија. sketches.FASHION - како тим лидер и носител на проектот го промовираше и презентираше македонската инфлуенсерка и претприемач Антонија Локвенец.

Проектот претставува платформа која ја спојува модната индустрија со новините што ги носи блокчејн технологијата и бенефитите од т.н. НФТ непроменливи токени (eng. NFT - Non fungible tokens). Платформата на младите и останатите модни дизајнери им овозможува да најдат корисници, партнери и инвеститори за нивните идеи и креации односно скици за нивна реализација во крајни физички производи и понатамошна онлајн продажба.

Во конкуренција од повеќе од 130 пријавени стартапи, идеи и проекти, презентацијата е рангирана во првите 10. Целокупната идеја и платформа е вреднувана со енормен глобален потенцијал којашто има можност да постане првиот македонски јуникор (eng. unicorn) стартап проект кој би можел со негова правилна и солидна инвестициска поддршка и брза комерцијализација да постигне вредност поголема и од една милијарда долари!

Во наредните денови Асоцијацијата „КОН МЕСЕЧИНАТА“ ќе организира прес конференција каде ќе го претстави пред јавноста стартап проектот и ќе го најави првиот регионален настан што ќе го организира за промоција и едукација за користење на платформата пред младите балкански дизајнери, инвеститори, партнери и останатите друштва и поединци инволвирани во и со модната индустрија!