Ако некогаш сте сакале да ги балансирате работата и слободата, тогаш изборот на работни места наменети за дигитални номади е многу веројатно решение за вашите потреби. Станува збор за вработени кои работат на далечина и истовремено патуваат.
Тие, немаат постојано живеалиште, патуваат низ светот и го работат она за што се ангажирани. Овие лица наречени номади најчесто се поврзуваат со ИТ секторот - како што е програмирањето или развојот на софтвер. Се разбира, списокот е многу подолг, особено во денешно време. Затоа, не е чудно што дигиталните номади се „множат“ во последните години. Пандемијата на коронавирус дополнително забрза сè и доведе до поизразена работа од далечина, односно потреба за тоа. Како резултат на тоа, многу компании целосно или делумно се свртеа кон таков модел на работа.
Треба да се знае дека дигиталните номади се само еден вид на далечински работници. Имено, некои се вработени со полно работно време, а други работат со скратено работно време, од проект до проект, ангажман до ангажман. Некои имаат и сопствен бизнис, па се занимаваат со тоа од далечина.
Како и сите останати, работниците од далечина и дигиталните номади имаат стандарден број работни часови неделно, и нивната продуктивност мора да биде на ниво, имаат рокови кои мора да ги почитуваат... Истовремено, имаат право на годишен одмор, платена прекувремена работа и се што им следува и на „класичните“ вработени.
Разликата е „само“ во тоа што дигиталните номади избираат од каде ќе работат и кога ќе работат. Тие не се фиксирани на локација, работодавач или одредено време од денот кога мора да бидат продуктивни. Покрај работните места во ИТ секторот, дигиталните номади се барани и во областа на издаваштвото, образованието, медиумите и односите со јавноста, маркетингот... Списокот е се подолг, за среќа на оние кои ја сакаат слободата што се нуди на овој начин на живот.
За луѓето кои избираат да живеат и работат на овој начин, ова се десетте градови кои се најпријателски настроени кон нив, идеални за „номадски“ живот и со најголема стапка на раст во оваа смисла:
Палермо (Италија)
Скопје (Северна Македонија)
Азорски Острови (Португалија)
Мајорка (Шпанија)
Лима (Перу)
Тбилиси (Грузија)
Пуебла (Мексико)
Неапол (Италија)
Банско (Бугарија)
Софија (Бугарија)
Се разбира, предностите на овие градови се во прифатлив животен стандард, даночен систем и бирократија која ги фаворизира дигиталните номади.(ИЦТ Бизнис)