Словенија е првата држава во светот што издава NFT токени. Со воведувањето на незаменливи токени (NFT – Non-fungible tokens) Технолошки парк Љубjана, Министерството за економски развој и технологија и Јавната агенција SPIRIT Словенија ја зајакнуваат улогата во претставувањето на државата на EXPO DUBAI 2020. NFT ќе служат за промовирање на економијата и туристичките дестинации на земјата.

Словенија е првата држава во светот што издава NFT токени

Словенија на овој начин се става на мапата на најнапредните дигитални земји. Државата покажува разбирање за развојот на блокчејн технологијата, која се смета за една од технологиите на иднината. Првата збирка на незаменливи токени е создадена за промовирање на словенечките решенија во економската област.

NFT ќе претстави колекција уникатни дигитални 3D експонати и ексклузивни панорамски фотографии, односно фотографии со висока резолуција од 360 степени.

Посетителите при посета на словенечкиот павилјон EXPO DUBAI 2020 ќе добијат бесплатно  NFT во форма на подарок или дигитален сувенир,информитраат од Tehnološki park Ljubljana.

NFT за промоција на економијата и туристичките дестинации

Вчера, на Европската недела на блокчејн, државниот секретар во Министерството за економски развој и технологија, Симон Зајц гордо објави дека Словенија ќе биде првата земја во светот што ќе издаде NFT за промовирање на достигнувањата на економијата и туристичките дестинации.

На овој начин Словенија на EXPO DUBAJ 2020 се претставува како иновативна, дигитална и паметна дестинација. Поради тоа нејзиниот изложбен павилјон дефинитивно вреди да се посети. Пред се поради уникатната зелена фасада, интересната содржина, новите деловни можности, а особено поради НФТ, пренесуваат локалните медиуми.

Дополнително тие претставуваат можноста за развој на дигитални компетенции на компании и поединци, бидејќи секој посетител ќе создаде и свој дигитален паричник за словенечка блокчејн технологија.

Што е NFT?

NFT (токен што неможе да се замени) е единица на податоци складирани во дигитална книга наречена блокчејн, која потврдува дека дигиталните средства се единствени и затоа не можат да се заменат.

NFT може да се користат за претставување на елементи како што се фотографии, видеа, аудио и други видови дигитални датотеки.

Пазарот NFT расте неверојатно, а неговиот развој е одлична можност за  претставување на дигитални уметнички производи и услуги во областа на економијата.

Метод за прифаќање на токени NFT


Посетителите на саемот EXPO Dubai 2020 ќе добијат промотивна картичка за прифаќање на монета NFT. Задниот дел на промотивната NFT картичка ќе содржи кратки упатства и единствен осумцифрен број, преку кој корисникот ќе добие пристап до дигитален паричник и на веб-апликацијата ќе може да преземе и да добие увид во вистинската сопственост на изложбата во нивниот паричник. Колекцијата вклучува и уметнички цртежи, оригиналната маскота на словенечката кокошка Фани, која е создадена под покровителство на словенечки уметници и покажува словенечки обичаи и традиционални словенечки јадења.